19 Декември, 2025
0.1514

ВУЧИЌ: Србија го извезува сето оружје што може да стигне да го произведе

Објавено во: Балкан 09 Март, 2024 19:26

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека Србија го извезува сето оружје што може да стигне да го произведе, пренесува Фонет. 

„Трката во вооружување започна кога светот сфати дека рускиот претседател Владимир Путин нема лесно да биде поразен. Затоа сите се вооружуваат пет пати побрзо“, рече Вучиќ на 9 март за време на посетата на Воено-техничкиот институт (ВТИ) во Белград.

Вучиќ  рече дека во наредниот период целта е да се произведат 5.000 беспилотни летала камикази „комарци“ развиени од експерти на ВТИ. Тој додаде дека планот е до септември да се пушти во употреба извидувачкото беспилотно летало „Врабец“.

По почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, Вучиќ постојано најавуваше дека Србија не извезува оружје во Киев и Москва.

Од 2006 година Србија е членка на програмата Партнерство за мир, што се смета за прв чекор кон членство во НАТО алијансата. 

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен