Вучиќ: Во моментов сме во потрага по двајца снајперисти во Белград
Објавено во: Балкан 03 Ноември, 2025 22:39
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека безбедносните служби во државата се во потрага по двајца снајперисти во Белград. Изјавата ја даде за белградска телевизија Прва, во која рече дека во претходните денови и недели, во Србија имало разни безбедносно-разузнавачки податоци „што не се наивни“, и за кои не ја информирале јавноста.
„Во моментов сме во потрага по двајца снајперисти во Белград за кои знаеме дека се во градот и не можеме да ги најдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме. Кои се тие и кои им се целите – ќе видиме. Но, знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе успеат да го решат тоа“, изјави Вучиќ.
Во овој контекст, тој рече дека постои „само еден начин на кој можат да го победат“, додавајќи дека за каква било промена на власта „нема друг начин“, бидејќи нема да прифати „сила, насилство, надворешно влијание“.
фото принтскринМожеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




