19 Декември, 2025
0.0363

ВУЧИЌ ЗА ТРАМП: Aко ја запре војната во Украина, треба да му се подигне споменик

Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2025 15:56

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ, од Светскиот економски форум во Давос изјави дека ако американскиот претседател Доналд Трамп ја запре војната во Украина, треба да му се подигне споменик. 

„Чекаме да видиме што ќе направи Трамп, утре да зборуваме тука од Давос. Шолц и Макрон се состануваат денеска, ги подготвуваат своите одговори, има многу проблеми и многу непознати во равенката. Доколку Трамп постигне прекин на огнот во Украина, сите треба му подигнеме споменик, ќе ја спаси цела планета. Господ нека ни е на помош“, рече српскиот претседател. 

Пред да дојде на власт, Трамп ветуваше дека ако победи, за 24 часа ќе стави крај на војната во Украина. Тој пред два дена и официјално ја презеде функцијата претседател на САД. 

Трамп повтори дека планира да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, а не исклучи и стопирање на доствата за оружје кон Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак, од економскиот форум во Давос повтори дека членството во НАТО е најдобра безбедносна гаранција за неговата земја. Според него, секакво спроведување на мировен план ќе предвидува најмалку 200 илјади мировници од европските земји на украинска територија.

фото Фејсбук/Александар Вучиќ

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен