19 Декември, 2025
0.0511

Вулин бил во Москва, стигнаа реакции од странски амбасади

Објавено во: Балкан 25 Мај, 2023 20:19

Добивај вести на Viber

Стигнаа реакции откако директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија, Александар Вулин, присуствуваше на меѓународната безбедносна конференција во Москва, јави дописникот на МИА од Белград.

Амбасадата на Украина посочи дека Србија и Украина се стремат кон членство во ЕУ и дека во врска со тоа Србија треба да воведе санкции кон Русија, наведува РСЕ.

„Сметаме на фактот дека земјата кандидат за членство во ЕУ ќе се приклучи на заедничката европска политика кон државата агресор, Руската Федерација“, соопшти Амбасадата на Украина.

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, во писмена изјава за РСЕ изјави дека „никој не треба да и дава легитимитет на руската акција со соработка со Кремљ како да е сè во ред“.

„Руската агресија против нејзиниот мирен сосед Украина е незаконска и неразумна. Владимир Путин ја започна оваа брутална војна. Тој може и треба веднаш да стави крај и да ја запре смртта и уништувањето што ги предизвикува неговата војна“, рече Хил.

Американскиот сенатор Крис Марфи, по повод посетата на шефот на Безбедносно-информативната агенција БИА, Александар Вулин на Москва, изјави дека Русија деновиве бара пријатели, но дека не смета дека е политичко и морално да се поддржи режимот на рускиот претседател Владимир Путин.

Руските државни медиуми на 24 мај објавија дека директорот на БИА, Александар Вулин, учествува како претставник на Србија на меѓународната безбедносна конференција во Москва. Официјални информации за неговото учество на таа конференција не беа објавени на веб-страниците на официјалните институции во Србија. 

Србија е една од ретките држави која не воведе санкции за Русија поради инвазијата на Украина. 

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен