29 Септември, 2024
0.0315

Wikipedia бара помош

Објавено во: Анализа 17 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Ако сте ја посетиле онлајн енциклопедијата Wikipedia во последно време, а можеби сте го направиле тоа, сте го виделе големиот банер, кој моли за вашата помош. Wikipedia има потреба од средства за да продолжи да постои во сегашниот формат без иритирачки реклами. Во последните неколку години непрофитното здружение Wikimedia Foundation, кое стои зад проектите Wikipedia и другите веб сајтови започна кампања за собирање на средства. Фондацијата ги користи за да се задржи сетот од веб-сајтови и услуги, меѓу кои Wikipedia, Wiktionary (речник), Wikiquote (сајт со цитати) и уште над 15 други проекти. Фондацијата може да се пофали со одреден успех. Помеѓу 1 јули 2013 година и 30 јуни 2014 година Wikipedia добила 52,5 милиони долари од донации и придонеси спрема само 15 милиони долари во 2010 година. Некои луѓе можат да прашаат - за што се потребни овие пари? На крајот, содржината на сајтот е генерирана од илјадниците корисници на кои не им се плаќа за нивната работа. Она што луѓето забораваат е дека одржувањето на веб-сајт со димензиите на Wikipedia чини многу пари. Во октомври 2014 година 460 милиони луѓе посетиле барем еден од веб-сајтовите на Wikimedia и тоа е не сметајќи ги посетите од мобилни телефони, таблети и други уреди. Инфраструктурата и персоналот, потребни за да се испорача содржина на половина милијарда луѓе, не треба да се потцени. Фактот дека Wikipedia сеуште се издржува главно со донации е извонреден и покажува колку е оценувана од луѓето во целиот свет најголемата бесплатна енциклопедија. Ако и вие користите Wikipedia, за да барате информации или едноставно за да докажете на некој пријател дека греши, а сте моќни да си дозволите тогаш можете да донирате некоја сума. Така најголемата енциклопедија во светот ќе може да остане бесплатна и без досадни реклами. K.K. wikipedia1