За Канческа- Милевска „Тендери“ е театар во корист на СДСМ, потпомогнат од СЈО
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016
Министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска, денеска по распитот во Основниот суд Скопје 1 за случајот „Тендери“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, не сакаше да каже дали ѝ е одземен пасошот.
Таа е првоосомничена во предметот, а за неа СЈО бараше мерка на претпазливост.
„Се работи за политички театар во корист на СДСМ, потпомогнато од СЈО“ - изјави.
Вели дека сè што имала да каже за „Тендери“, кажала минатата недела.
Ако биде прифатена мерката што ја побара СЈО, министерката ќе треба еднаш неделно да доаѓа во судот да се пријавува.
Канческа на прес-конференцијата рече дека обвинувањата од СЈО се рекла-кажала и дека сè е чисто како солза.
„Тендери“ е предмет за изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.