Добивај вести на Viber
Сопствениците на нелегално изградените куѓи низ Србија од март конечно ќе можат да ги запишат своите имоти во катастарот за недвижности и тоа за само 100 евра, со што ќе станат сопственици на својот имот. Иако министерот за градежништво, Велимир Илиќ Ипо трет пат го најавува новиот закон, овојпат тврди дека работата е готова, а предлогот за законските акти направен.
Во просек во Србија за легализација на дом од околу 100 квадратни метри, треба да се плати околу 1.500 евра, а сега сето тоа, посочува министерот Илиќ , ќе чини само 100 евра. Во Србија постојат 1,3 милиони незаконски изградените објекти, а само 700.000 сопственици досега аплицирале за легализација.
„Предлог-закон кој ќе овозможи влез на дивоградбите во катастарот треба да се донесе најдоцна во рок од петнаесет дена, а потоа по скратена постапка ќе биде усвоен во Собранието и веднаш ќе стапи на сила“, изјави Илиќ.
Новиот закон предвидува бесплатна градежна дозвола. Се воведува и уште една новина, односно сите трошоци во текот на вадење дозволи за градење че се подмируваат сукцесивно, а не на замиот почеток како што е сега.
Покрај тоа, граѓаните ќе плаќаат на општините и градовите само за потребната инфраструктура што ја користат, но не за онаа која не постои.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.