Добивај вести на Viber
На двата терминала на аеродромот во Софија поминале 641 807 патници, што е за 14% повеќе во однос на истиот период минатата година, соопштија од аеродромот.
За 17% се зголемија патниците во редовните меѓународни линии. Од почетокот на годината имало 7045 слетувања на авиони на аеродромот во Софија, што претставува зголемување од 10% на годишна основа. И тука најголем раст од над 13%, забележуваат меѓународните редовни линии.
Од 27 март 2016 година почнува летниот распоред на летовите, со 4 нови директни летови до Аликанте, Осло / Торп, Хамбург / Лобек и Бирмингем.
Вкупниот број патници кои летале со авиони од и до Бугарија во 2015 година, е 7,463.000. Тоа е за 105.000 патници повеќе од 2014 година, пресмета шефот на Здружението на бугарските авиокомпании, Светослав Станулов.