05 Декември, 2025
0.6511

За 40 милиони евра се продава островот Дулихиум во Грција

Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2013 14:11

Добивај вести на Viber

Островот Дулихиум се наоѓа во Јонското Море, кој е најголемиот приватен остров во Грција се продава за 40 милиони евра. Како што пренесуваат грчките медиуми, огласот за продажбата на островот веќе е објавен на најпознатиот сајт во светот, кој објавува понуди за приватни острови. Според информацијата островот Дулихиум се простира на површина од 5.400 декари. Тој се смета за најголемата приватна сопственост во островскиот дел на земјата. На островот има четири илјади маслинки и ниска вегетација. Карактеристично за него е црвената боја на земјиштето и големите карпи. За островот веќе има интерес, а некои од заинтересираните купувачи веќе решија да го претворат островот во рајско катче и во луксузно одмаралиште со пристаниште за јахти. Оваа инвестиција ќе донесе сигурна заработувачка и ќе ја претвори Герција во дестинација број еден за богатите туристи. Освен до Итака и Кефалонија островот Дулихиум се наоѓа и во близина на островот Оксија, кој според неодамнешните написи е купен од шеикот на Катар Хамад бил Халифа ал Тани. Грчкиот весник „Еспресо“ пишува дека за продажба на конкретниот сајт се објавени уште 15 грчки острови. Највисока е цената на островот Патроколос, кој се продава за 160 милиони евра, а по него се островите Оморфи за 50 милиони евра и Дулихиум за 40 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии