16 Јануари, 2025
0.0298

За 6,7 милиони евра Гранит ќе го гради патот до Сончев Град!

Објавено во: Македонија 19 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Ќе се гради патот до населбата Сончев град, на јужните падини на водно. Градежната компанија Гранит, веќе склучи договор со Јавното претпријатие за државни патишта за вреден 6,7 милиони евра за изградба на патот.  Според договорот што Гранит го објави, патот треба да биде завршен во рок од 18 месеци, што значи дека изградбата терба да биде финализирана некаде во септември 2014 година.

Според првично планираниот проект, новиот патен правец до Сончев Град треба да биде во должина од 2,5 километри и да овозможи директно поврзување на централното градско подрачје со новопланираната населба Сончев град. Патот треба да биде изграден со коловозна конструкција од две ленти со ширина од по 3 метри. Првично проценетата вредност на изградбата беше 2 милиони евра.

Изградбата на регионалниот пат, со кој населбата Сончев град треба да добие дирекна врска со  метрополата, е обврска на државата, додека пак самата населба треба да ја гради турската компанија Џеваир Холдинг, која ги гради висококатниците во Аеродром.

Што ќе има на Сончев Град

Земјиштето во општина Сопиште на кое треба да се гради населбата, турската компанија го купи за 1,8 милиони евра. Иако се уште не се откриваат детали како ќе изгледа проектот, сепак јасно дека на парцелата од 835. 619 метри квадратни, освен станбен дел, ќе има и трговски центри, болници, бензински пумпи и многу други содржини. Турските инвеститори се задолжени за изградба на инфраструктурата во населбата, додека обврска на општината е да изгради пат од Водно до Сопиште и да го изгради водоводот до Патишка река, проекти кои општината ќе ги финансира заедно со Владата. Инвеститорот е условен проектот да содржи минимум 10% од она што го предвидела општината со урбанистички план. Најмногу индивидуални куќи или 51% од објектите треба да бидат куќи, а  помал дел или 9% да бидат станбени згради

Зошто досега не се реализираше идејата?

Идејата за Сончев град е стара повеќе 6 години и до сега има поминато неколку пропаднати обиди за изградба. Во 2006 година со непосредна спогодба, пред избори тогашната Влада ја продаваше локацијата на германската компанија Бихард Констракшн Интернешнал, но Антикорупциската комисија го стопира процесот со образложение дека за време на изборната кампања не смее да се продава државен имот. Во 2007 година пак, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески повторно го понуди на тендер земјиштето за Сончев град,  на кој беше избрана израелската компанија ИБЦ. Според роковите од тендерот елитната населба требаше да биде изградена до 2011 годинa. Но, во 2008 година целата ситуација се искомплицира, поради што Израелците поведоа и судски спор со надлежните во земјава, со образложение дека податоците што ги добиле на хартија за изградба на населбата не одговарале со оние што биле на терен, па проектот не бил возможен така како што планирале. Сепак, целата постапка заврши со спогодба и Израелците си заминаа од земјава, а локацијата сега ја доби трета по ред компанија, која проектот треба да го заврши за 6 години. Редакција Фактор  

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села