07 Јули, 2024
0.0289

ЗА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - БЛАЦЕ ДВЕ ГОДИНИ ПО РЕД СЕ ТРОШАТ „НУЛА“ ДЕНАРИ: Дел од него требаше да биде готов во август 2021 година

Објавено во: Економија 04 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие за државни патишта во 2023 и 2022 потрошило „нула“ денари на изградбата на автопатот Скопје - Блаце, иако одамна е започнат како оформен проект. Ова е објавено во годишниот извештај за работата на „Државни патишта“ за минатата година. Од вчера нов директор на „инвеститорот“ е поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, па можеби тоа ќе го забрза процесот.

Иако биле планирани милијарда денари, односно околу 16,4 милиони евра, на оваа автопатска делница во текот на минатата година не биле реализирани никакви средства. Договорот со Европска банка за обнова и развој за втората фаза од 10,5 километри од селото Блаце до Скопје е потпишан во јули 2022 во вредност од 186 милиони евра. Повикот за надзор и изведувач е распишан дури во 2023, но уште не се знае кои ќе бидат избрани како оператори што ќе работат на автопатот до Косово.

Во извештајот се зборува дека во тек се единствено вонпарнични постапки за определување на надоместокот за експроприран имот, постапка за трајна експропријација, се работело и на завршување на катастарската пренамена на земјоделско во градежно земјиште, на градежен елаборат и на проценки на вредноста на земјиштето.

Повикот за интерес за изведувачи е објавен на 13 јули 2023, значи точно пред една година, а неговото затворање ЈПДП постојано го одложуваше. Од она што тогаш за „Фактор“ го рекоа од „Државни патишта“ како објаснување е тоа дека поместувањата на роковите се на иницијатива на финансиерот - Европската банка за обнова и развој.

Европската банка за обнова и развој обезбедува заем од 167,6 милиони евра под гаранции од државата, додека проектот ќе биде кофинансиран со 20,8 милиони евра инвестициски грант обезбеден од Европската Унија (ЕУ) преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри и требаше таа делница да биде готова до август 2021 година и да чини 17 милиони евра. Бидејќи работите не беа завршени, во јануари 2023 година беше потпишан нов договор со скопски „Гранит“, за завршување на изградбата, со краен рок до почетокот на 2026 година.

„Нула“ денари биле потрошени и за автопатската делница Кичево-Букојчани која е дел од Коридор 8 но вон проектот со „Бехтел и Енка“. И тука биле планирани 400 милиони денари, но ништо не е инвестирано. Од јавното претпријатие во извештајот велат дека во текот на минатата година бил само распишан повик за изведувач и надзор.

Најмногу пари биле потрошени во 2023 за проектот на „Бехтел и Енка“. На конзорциумот требало да му се префрлат 250 милиони евра според планот, но авансно му легнале само околу 210. За автопатот Кичево - Охрид биле потрошени околу 65 милиони евра, што е подобар резултат за 18 милиони евра во однос на 2022. А.К.


Можеби ќе ве интересира

ГИ СОВЕТУВАМ ЛУЃЕТО ДА КУПУВААТ ЗЛАТО, ПРИЧИНАТА Е ТОА ШТО ДОПРВА ДОАЃА: Познат руски економист го вклучи алармот

ГИ СОВЕТУВАМ ЛУЃЕТО ДА КУПУВААТ ЗЛАТО, ПРИЧИНАТА Е ТОА ШТО ДОПРВА ДОАЃА: Познат руски економист го вклучи алармот

ШТРАЈКОВИ ВО ЕВРОПА ЗА КОИ ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ: Незадоволството на работниците поради платите ќе им „се удри од глава“ на туристите

ШТРАЈКОВИ ВО ЕВРОПА ЗА КОИ ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ: Незадоволството на работниците поради платите ќе им „се удри од глава“ на туристите

И ВИКЕНДОВ СЕ РАБОТИ: Владата го „крчка“ новиот буџет еве за што ќе се трошат парите

И ВИКЕНДОВ СЕ РАБОТИ: Владата го „крчка“ новиот буџет еве за што ќе се трошат парите

„НЕКОЈ СЕ КИТИ СО ТУЃИ ПЕРЈА И ОБЈАВУВА ИВЕСТИЦИЈА КАКО СВОИ“: Битиќи со благодарност до ВМРО-ДПМНЕ што ги продолжуваат неговите планирани инвестиции

„НЕКОЈ СЕ КИТИ СО ТУЃИ ПЕРЈА И ОБЈАВУВА ИВЕСТИЦИЈА КАКО СВОИ“: Битиќи со благодарност до ВМРО-ДПМНЕ што ги продолжуваат неговите планирани инвестиции

„ВО ДРЖАВНАТА КАСА КАКО ДА ПОМИНАЛО ЦУНАМИ, ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА Е“: Опустошена е, вели Мицкоски

„ВО ДРЖАВНАТА КАСА КАКО ДА ПОМИНАЛО ЦУНАМИ, ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА Е“: Опустошена е, вели Мицкоски

ШЕСТДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Стапува законот во Грција, работникот ќе добие 40 проценти повисока плата, а не смее да работи повеќе од 8 часа

ШЕСТДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Стапува законот во Грција, работникот ќе добие 40 проценти повисока плата, а не смее да работи повеќе од 8 часа

УЈП: Регистрирана првата странска компанија за целите на ДДВ преку даночен застапник

УЈП: Регистрирана првата странска компанија за целите на ДДВ преку даночен застапник

ПОСКАПЕ КАКАОТО: Се зголеми и цената на чоколадите во повеќе земји

ПОСКАПЕ КАКАОТО: Се зголеми и цената на чоколадите во повеќе земји

ПРОМЕНИ ВО ИТАЛИЈА: Колкава е стапката на невработеност?

ПРОМЕНИ ВО ИТАЛИЈА: Колкава е стапката на невработеност?