19 Декември, 2025
0.0563

За безвизно патување во ЕУ ќе плаќаме не 7, туку 20 евра?

Објавено во: Економија 18 Јули, 2025 19:59

Добивај вести на Viber

Eвропската комисија(ЕК) предлага „инфлациско“ зголемување на таксата за безвизно патување. 

Европската комисија предложи зголемување на таксата за дозвола за безвизно патување во ЕУ за странци од 7 на 20 евра поради инфлацијата, соопшти Комисијата. Цената на таксата не е променета од 2018 година.

Дозволата за безвизно патување важи три години и се плаќа еднократно. Комисијата истакнува дека предлогот е усогласен со таксите што ги наплатуваат САД (21 долар за две години) и Обединетото Кралство (16 фунти за две години). Патниците под 18 години или над 70 години ќе бидат ослободени од плаќање, како и членовите на семејствата на граѓани на ЕУ или странци со право на престој во Унијата.

Предлогот на Комисијата подлежи на одобрување од Советот на ЕУ и Европскиот парламент во рок од четири месеци и ќе стапи во сила истовремено со системот за електронска проверка на надворешните граници, што се очекува да се случи до крајот на 2026 година.

За добивање на дозвола, странците ослободени од виза ќе треба да ја платат таксата и да пополнат онлајн формулари со податоци за нивните имиња, датум на раѓање и број на патниот документ. Одлуките по барањата за патување ќе се носат за неколку минути, додава Комисијата, пренесува МИА.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар