29 Септември, 2024
0.0272

За Бујар Османи предолга е временската рамка поставена од бугарскиот премиер Петков

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 рече дека временската рамка од шест месеци поставена од новиот бугарски премиер Кирил Петков за решавање на македонско-бугарскиот спор е предолг временски период за чекање. 

Ваквиот коментар на шефот на македонската дипломатија следува по уште еден студен туш кој го доби земјата од Советот на Европската унија со заклучокот дека Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите „што е можно поскоро“.

Бугарија, која тукушто доби нова влада, во Брисел, каде се одржува Советот за општи работи, потврди дека засега останува на својата позиција во однос на условите што Скопје треба да ги исполни за деблокада и одржување на првата Меѓувладина конференција. 

– Бугарија има право на вето, а во однос на ставот на новиот бугарски премиер Кирил Петков, спорна е временската рамка. Шест месеци е предолг период во контекст во кој се наоѓа регионот. Има многу отворени прашања. Сметам дека тој период не ни одговара. Треба да седнеме со Петков и да разговараме што значи тој период. Нема потреба целиот регион да се држи во заложништво – рече Османи.

Министерот сè уште има големи очекувања дека Македонија наскоро ќе ги започне преговорите со Европската Унија и додаде дека нашата позиција е принципиелна и многу земји-членки на ЕУ ја поддржуваат.

– Денеска се водела тешка дебата, но направиле компромис да остане барањето. Очекуваме земјава веднаш да ги почне преговорите штом се усвои преговарачката рамка. За првпат Бугарија не можеше да најде вина во Македонија. Во денешната дебата во Брисел немаше прашање по однос на погрешната интерпретација на историјата, туку имаше наметнување од страна на словенечкото претседателство да се одреди рок до крајот на годината – нагласи Османи.

Дел од европските министри вчера од Брисел пратија порака до Софија што е можно поскоро да се отстранат пречките за евроинтеграција наметнати кон Скопје.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“