15 Декември, 2025
0.1058

ЗА ЧАИРСКИТЕ ГАЗДИ НЕ ВАЖЕЛЕ БАШ СИТЕ ЗАКОНИ КАКО И ЗА ДРУГИТЕ - се работело и во недела, со непријавени работници..., еве колкави се казните

Објавено во: Економија 19 Август, 2022 07:39

Добивај вести на Viber

Дали законите во државава секаде еднакво се почитуваат, или некаде и не баш толку многу како на поголемиот дел од локациите.

Или, ако за сите во државава треба да важи дека недела е неработен ден за работниците, освен во оние дејности што се одредени како исклучоци, и освен во туристичките места за кои се донесоа посебни законски измени, тоа дефинитивно не било случај со повеќе деловни субјекти во скопската општина Чаир.

Голем број граѓани овие појави кај чаирските газди ги пријавиле, односно испратиле претставки до Државниот инспекторат за труд, а имало укажувања и од Синдикатот. По сето ова, од Инспекторатот решиле да испратат вонредни инспекциски контроли во Чаир.

И, што се случило?

Од вкупно 12 вонредни инспекциски надзори, за кои била повикана и полициска асистенција, дури во 12 се утврдени неправилности, или практично во сите деловни субјекти што биле контролирани. Притоа не биле утврдени само кршења на законот за недела неработен ден, туку биле „уловени“ и други пропусти кај некои од објектите, што резултирало со изрекување на 12 инспекциски мерки.

„На 14.08.2022 година во соработка со овластени полициски службеници од Единицата на интервентна полиција при МВР, извршени се 12 вонредни инспекциски надзори, со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат за забрана за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени во Законот за работни односи.Надзорите се извршени на подрачјето на Општина Чаир по претходни поднесени пријави од граѓани и ССМ во кои се изнесени наводи дека работодавачите не ги почитуваат законските одредби за недела неработен ден“, се вели во соопштението од Инспекторатот објавено на нивната веб страница.

Натаму, од ДИТ информираат дека од вкупно извршените надзори, се изречени 12 инспекциски мерки, а од нив дури осум се поради непочитување на недела неработен ден, поради што се ставени осум „клуча“ во траење од две недели, односно се изречени вкупно осум решенија забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена.

Покрај тоа, во три компании се затекнати четири работници на диво, па затоа се издадени три решенија - наредба за засновање на работен однос со затекнатите четворица работници без регулиран работен статус.

И конечно, најдена е и фирма која целосно работела на диво, па затоа и било издадено решение – опомена за регистрирање на неригистрирана дејност, согласно Законот за забрана на вршење на неригистрирана дејност, се вели во соопштението од Државниот трудов инспекторат.

Чаирските газди ќе бидат „почешани“ и по џебот. Бидејќи, како што информиора ДИТ, се издадени вкупно 25 прекршочни платни налози, за кои глобата ќе биде дефинирана согласно големината на фирмата, и ќе се движат во распон од 200 до 600 евра.

Контроли биле правени и во Битола и Прилеп, како и во Струмица, и за тие објекти биле изречени инспекциски мерки.

Од ДИТ тврдат дека ќе продолжат да ги штитат правата на работниците, а заради поголема ефикасност на надзорите ќе продолжи и соработка со претставниците на МВР, кои, како што велат, покажале висок професионализам како логистичка поддршка на инспекторите во вршењето на инспекциските надзори.

А кога станува збор за работа во недела, треба да се спомене и дека неодамна беа усвоени измените на Законот за трговија, со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност. Со измените во законот се утврди дека работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети