„ЗА ДА БИДАТ ГАЗДИ НА ПРАЗНИТЕ СЕЛА И ГРАДОВИ“: Најчевска со остра критика кон Рамадани и идејата 'мора да ги води Албанец'
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2025 13:55
По објавата дека кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од редовите на „Влен“ (Вреди), која беше бомбастично пренесена од медиумите, бројни реакции од политичките претставници, но и од општествените критичари.
На, темата, во свој стил, со ироничен коментар се огласи и професорката и активистка од областа на човековите права, Мирјана Најчевска, која посебен акцент во својот коментар стави на иселувањето на жителите од Македонија, особено на Албанците.
- Ахахахаха. Ма ќе пукнам.
Со сите градоначалници од етничките Албанци во Македонија толку се иселиле од градовите со кои управуваат што треба да одат да ги бркаат по странство за да ги изгласаат.
За да бидат газди на празните села и градови. Кретени - напиша Најчевска во објавата на социјалните мрежи.
За потесетување Хаќим Рамадани, кој е и директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, според објавите во медиумите, на средба со иселеници во Хамбург, Германија, посочил дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“, и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец.
Рамадани и противкандидатот од ДУИ, Енвер Пајазити, кој испадна од трката во првиот круг, заминаа за Германија, Австрија и Швајцарија каде се среќаваат со иселеници и бараат гласови за Албанците да победаат на Локалните избори во Македонија. Во втор круг влегоа Рамадани и Јовица Илиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Брвеница.
Денеска на темата се огласи и самиот Рамадани, кој на премиерот Христијан Мицкоски му одговори дека има нешто што му е побитно од јавната функција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





