05 Декември, 2025
0.0773

За девет години Романија изградила 52 километри автопат, еден километар чинел 30 милиони евра

Објавено во: Балкан, Македонија 19 Февруари, 2013 10:02

Добивај вести на Viber

Романските власти платиле 1,6 милијарди евра за изградба на 52 километри автопат кој се градел девет години, пишува романскиот весник „Гандул“. Весникот денеска објави скандалозен текст со наслов „Фотографија на еден стратегиски грабеж“ во кој се наведува дека за девет години Романците платиле 1,6 милијарди евра за изградба на 52 километри автопат на американската компанија Бехтел, што значи дека еден километар чинел околу 30 милиони евра. Автопатот „Трансилванија“ што треба да ги поврзе градовите Брашов во централниот дел на земјата со градот Борш на границата со Унгарија е амбициозен проект за изградба на 415 километри автопат, потпишан од владата на Социјалдемократската партија предводена од Адријан Настасе во 2003 година, што се претвори во црна дупка од која властите во изминатите две години се мачат да се ослободат, тврди весникот. Од договорот потпишан меѓу Романија и американската компанија Бехтел пред девет години, досега се изградени само 52 километри автопат, што романската држава ја чини околу 1,6 милијарди евра. На овој начин Романија постигна рекорд успевајќи да потроши речиси 30 милиони евра за изградба на еден километар автопат, во услови кога нормалната цена за километар автопат се движи межи 3,8 и 6 милиони евра според теренот, наведува романскиот весник.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии