16 Јануари, 2025
0.0301

За два дена ќе се знае дали ќе има скијање на Водно?

Објавено во: Економија 06 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

За два дена и официјално ќе биде познато дали годинава ќе започе изградбата на долгонајавуваната ски- патека на планината Водно. Оваа среда е крајниот рок за поднесување на понуди до Градот Скопје за јавно-приватно партнерство за изградба, управување, користење и одржување на ски-патека на Водно. Засега не е познато дали во претходните четери месеци колку што трае јавниот повик за доделување на договорот што го распиша Градот, пристигнале понуди. Според градските власти целта на партнерството е унапредување на економскиот и општествениот развој на Скопје и поодобрување на инвестициската клима во туристичкиот сектор. Во образложението во јавниот повик за приватно партнерство, од Градот Скопје објаснуваат дека  „една од долгорочните визии и цели на Градот е изградба на современ и модерен скијачки комплекс на Водно кој ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти, ќе функционира како посебна понуда на градот Скопје не само во текот на зимската сезона туку и во текот на целата година, а што ќе биде обележје за промовирање на градот Скопје, а истовремено ќе дојде до зголемување на ефикасноста во туризмот, како и развој на рекреативниот и професионалниот ски – спорт.“ Од Градот најавија дека на Водно ќе се гради современ и модерен скијачки комплекс на планината Водно којшто ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти. Според условите во јавниот повик, се планира изградба на на 4 ски патеки на Водно, со вкупна должина од 3850 метри, три ски лифта, со должина од 1350 метри, два подвижни тепиха со должина од 160 метри, еден ресторан од 200 метри квадратни, административна зграда со ресторан, ски рента и ски школа од 240 метри квадратни,  моторни санки заклучно со сервис, прва помош, пумпна станица за системот за технички снег, ски патрола, акумулација вода и систем за технички снег. Приватниот партнер што ќе достави најповолна понуда е должен да ја изгради патеката, да ја управува и одржува во следните 25 години. Концесискиот надоместок ќе се плаќа на годишно ниво во износ од 1% од вкупниот годишен приход утврден врз основа на официјални годишни финансиски извештаи на приватниот партнер. Освен подземната сообраќајница, трамвајот и панорамското тркало, и ова е еден од покрупните проекти на Градот Скопје, за чија што реализација се предвидени и пари во годинешниот градски буџет.  Така во касата на Градот за 2013 година, предвидени се вкупно близу 114 илјади евра за консултанстки услуги за подземната сообраќајница, трамвајот, реклами, ски-патеката, но засега не е познато колку точно ќе чини изградбата на патеката Инаку проектот за скијачка патека на Водно беше најавен уште во 2009 година. Иако и тогаш и сега наиде на остри критики од опозициските советници, според кои овој проект е неиздражан и инвестицијата ќе биде загубена, поради тоа што патеката ќе се протега на јужнните падини на Водно и нема да има доволно снег. Но од Градот не се откажаа, а нивните аргументи се дека е мож­но при­род­ни­от да се за­ме­ни со ве­штач­ки снег. Според градските власти обемното и конкретно истражување за исплатливоста на ски-патеката, во Физибилити студијата „Ски патека Водно“ на конзорциумот “Суфаг Спорт унд Фреизеитанлаген и Векон Инт”, покажало дека на локалитетот Водно постојат сите природни предуслови за изградба на современ скијачко – туристички комплекс, и дека инвестицијата  се очекува да генерира зголемени приходи од работењето на ски патеката, со посетители од сите возрасти. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи