За една година може да нема ефективна вакцина против Ковид -19?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Јуни, 2020
Од Светската здравствена организација велат дека не се знае дали научниците ќе направат ефикасна вакцина против коронавирусот.
Може да помине една година, и тие да не успеат во обидот.
Тедрос Аданом Гебрејзус од СЗО изјави дека доколку се развие ваква вакцина, таа мора да стане јавно достапна за сите.
„Никогаш сме немале вакцина против коронавирус. Ова значи дека ова ќе биде прва што ќе се измисли, се надевам дека ќе биде направена“, вели тој.
Објасни дека СЗО веќе има повеќе од 100 кандидати за вакцина, од кои едниот е во напредна фаза на развој.
Стигна и опомена дека вториот бран може да однесе милиони животи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.