05 Декември, 2025
0.2481

За една година од ИПАРД македонските земјоделци добиле поддршка од 17,6 милиони евра

Објавено во: Агробизнис 18 Ноември, 2018 16:12

Добивај вести на Viber

 Вкупно 940 договори во рамки на ИПАРД програмата и пласирани 17,6 милиони евра дадени по основ на договори со земјоделците минатата година регистрирала Агенцијата за финансиска поддршка и равој на земјоделието (АФПЗРМ), информираше денеска директорот на АФПЗРМ Никола Бабовски.

Тој потенцираше дека ИПАРД програмата е една од поуспешните која се имплементира во македонското земјоделие.

– Со потпишани 940 договори во рамки на ИПАРД програмата и пласирани 17,6 милиони евра дадени по тие договори на нашите земјоделци, докажавме дека и ИПАРДОТ може да биде успешна програма и дека се навистина значајни финансиски средства кои ги добиваат земјоделците преку оваа програма, рече Бабовски.

Тој најави уште поголема поддршка за земјоделците за 2019 година.

– Веќе ја најавивме мерката 1 и мерката 3, односно мерката која е предвидено да ја олесни работата на  преработувачките капацитети и земјоделска механизација, особено во делот на модернизација на земјоделските стопанства така што очекуваме заеднички  оваа успешна ИПАРД приказна ја продолжиме, а со тоа со домашните мерки да им дадеме целосна поддршка на нашите фармери, истакна Бабовски.

Бабовски е задоволен и од интересот за мерката „Млад земјоделец“ со која 1040 апликанти очекуваат да влезат во потесниот круг на земјоделци кои ќе ги исполнат потребните критериуми за добивање финансиска подрршка од агенцијата за наредната година.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?