17 Декември, 2025
0.0935

За една година живеачката е поскапа за 1 200 денари!

Објавено во: Економија 03 Јули, 2013 08:38

Добивај вести на Viber

За да се прехрани и да ги подмири сметките, на едно семејство во мај му биле потребни 32 506 денари. Најновите податоци на Сидикатот покажуваат дека најголем дел, или 42,6% од Минималната месечна синдикална кошница зафаќа исхраната или за тоа се трошат речси 13 900 денари. Еве како изгледаат месечните трошоци пресметани од синдикалниот калкулатор :
  • Храна 13 852 денари
  • Домување 10 379 денари
  • Превоз 2 339 денари
  • Хигиена 2 212 денари
  • Облека и обувки 2 046 денари
  • Култура 1 070 денари
  • Одржување на здравје 606 денари
Анализата покажува дека во споредба со декември 2012 та година, вредноста на минималната потрошувачка кошница се зголемила за 500 денари, или за задоволување на истите месечни потреби за пет песеци, трошоците пораснале за 500 денари. Споредено со мај, 2012 та година, според синдикатот, живеачката е поскапа за скоро 1 200 денари. Во мај лани, за да се прехрани и да ги плати сметките на едно семејство му биле потребни 31 344 денари. Најголем пораст на трошоците има за храната, домувањето и хигиената. Според последните податоци на Заводот за статистика, во мај беше регистриран пораст на животните трошоци за 4,2 %, што претставува највисоко ниво од почетокот на годинава. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија