05 Декември, 2025
0.0871

За една недела 16.000 граѓани рекоа „не“ за хидроцентралите во Маврово

Објавено во: Македонија 18 Април, 2014 17:20

Добивај вести на Viber

Еколошките организации за една недела успеаја да соберат 16.000 потписи против изградбата на хидроцентралите „Бошков Мост“ и „Луково Поле“ во Националниот парк „Маврово“. Петицијата беше отворена по јавната дебата за контроверзниот проект за изградба на хидроцентралите, која се одржа минатиот четврток во Скопје. На трибината учествуваа стотина граѓани кои за првпат разменија ставови со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, научници, еколошки организации. Граѓаните и екологистите бараат стопирање на проектот, бидејќи стравуваат дека тој ќе има негативно влијание на животната средина во националниот парк и дека ќе го пренасочи текот на реката Радика. За Владата, двете хидроцентрали се важен енергетски проект, кој може да ја намали зависноста на земјата од увоз на електрична енергија. Сепак, од Владата инсистираат дека проектот нема да се рализира доколку претходните студии покажат дека е штетен за животната средина. На изградбата на хидроцентралата се спротивставува и соседна Албанија, со оглед на тоа што хидроцентралите треба да се градат во близина на заедничката граница. „Луково Поле“, според планот треба да се гради со 62 милиони евра од Светска Банка, а „Бошков Мост“ треба да биде финансиран од Европската банка за обнова и развој.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија