19 Декември, 2025
0.1491

За една недела ќе се знае дали ќе има зголемување на минималната плата

Објавено во: Економија 06 Март, 2013 13:51

Добивај вести на Viber

За зголемување на висината на минималната плата, предлог на Сојузот на синдикати на Македонија, се очекува во следните седум дена Економско-социјалниот совет да одржи седница.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски очекува дека нема да има проблеми при дефинирањето на износот на минималната плата за 2013 година.

- Во договор со членовите на Економско-соцојалниот совет ќе ја закажеме седницата. На неа ќе се разгледа законското усогласување на минималната плата согласно податоците од Државниот завод за статистика. Економско-социјалниот совет има обврска да даде мислење за висината на минималната плата, а имајќи предвид дека во Советот има претставници од синдикатите и работодавачите очекувам дека нема да имаме проблеми во дефинирањето на износот на минималната плата за 2013 година, изјави Ристовски по денешната средба со Сојузот на здруженија на пензионери.

Минатата недела Сојузот на синдикати на Македонија побара итно свикување на Економско-социјалниот совет со цел да се утврди висината на минималната плата, имајќи го предвид зголемувањето на исплатената бруто-плата минатата година.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар