05 Декември, 2025
0.0548

За енергетски ефикасни згради потребни се до 14.000 обучени ѕидари, фасадери, електричари

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2013 13:17

Добивај вести на Viber

За да ги следиме препораките на ЕУ за енергетската ефикасност и користење обновливи извори на енергија, во Македонија потребно е годишно да реновирааат 1,157 милиони метри квадратни станбен фонд од кои 838.000 метри приватен и 328.000 јавен.

Според анализата на Стопанската комора за да се  реализира сето ова, неопходно е во градежниот сектор да има 9.800 до 14.000 нови работници, 1.500 до 1.800 годишно, или оспособени од постојните за воведување мерки на енергетска ефикасност. „Во овој момент не постои толкав потенцијал, Македонија не може да излезе во пресрет на тие барања за обука на работници. Затоа се даваат препораки колку средства да се бараат од ЕУ со што ќе се овозможи тренинг во насока на исполнување на потребните стандарди“, рече Ристо Ивановски соработник на проектот Build up skills mk.

Станува збор пред се занимања од областа на изградба на објектите, ѕидари, фасадери и инсталатери, како и за струки поврзани со инфраструктурата за енергија, електричари, изолатори.

Според првичните пресметки, за обука по работник, зависно од нивото на квалиикации, се неопходни 100 до 300 евра или 4,5 милиони евра за околу 1.500 лица.

Во земјава се уште не постои систем за сертификација, но обуки може да се реализираат.

Од оваа година е предвидено и доделување на првите т.н. енергетски пасоши за објектите кои ќе ги издаваат енергетски контролори чие, пак, работење ќе биде регулирано со правилници што наскоро треба да се донесат.

- Примарни во делот на енергетските контролори ќе бидат јавните институции, а со следната фаза ќе ги опфати старите и сите приватни објекти. Пасошите нема да ја зголемат цената на становите, куќите, зградите, ќе бидат само новина која ќе значи потврда за квалитетот. Точно ќе се знае дали и какви еко материјалите се вградени, А+, А++,....., истакна Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика на РМ.

Согласно новата директива на ЕУ, од 1 јануари 2014 година секоја држава, вклучувајќи ја и нашата, ќе мора да спроведе најмалку три отсто енергетска ефикасност на годишно ниво, а до 2018 година треба да има имплементирано до 9 процентиsta

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски