За големи политички интереси, Малиот ринг стана полигон за пиши-бриши архитектура?
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2013 07:52
Од стручен аспект, кога се работи за атрактивни градски делови како што е Малиот Ринг, важно е при изработката на планот да учествуваат врвни проектанти па понекогаш и странски експерти. Плановите треба да подлежат на низа студии и истражувања од терен, процес што е трае повеќе од еден месец.
-Квалитетните планови се долгогодишни решенија, кои се менуваат кога се оставаат недефинирани зони. Времето на изработка на еден урбанистички план за централно подрачје е значајно и честопати бара учество на проектанти од светски глас. бидејки се работи за дефинирање на срцето на градот. Београдска Славија до денес нема прифатено урбанистички план за месноста позната како “дупка” бидејки надолго се водат стручни дискусии кои се многу значајни со учество на голем број стручни лица. Кај нас последниве години сите планови се тотално непрофесионални и се изработуваат по нарачка на познати инвеститори со конкретни задачи или по нарачка на власта. План кој се менува за пократок рок од пет години не е план. На пример населбата Аеродром, треба да егзистира 50 години без плански интервенции. Планот е завршена приказна врз основа на него се изработуваат проекти на поединечни објекти и според инвестиционата силина,инфраструктура треба да егзистира минимум 50 години- вели архитектот Анто Тортески.
Проектантите дојдоа од друга планета
Но, главната причина според стручната јавност за честите промени на Малиот Ринг, е проектот Скопје 2014. Сите измени и дополнувања почнаа со почетокот на проектот. Се одеше до таму што дури и барокните фасади на објектите во строгиот центар, беа дефинирани со овој ДУП, за да се вклопат во севкупниот амбиент.
- Секаков коментар за Мал Ринг е бесцелен, бидејки е политички проект изработен без елементарно сообраќајно решение. Се трескаат објекти со огромни соодржини кршејќи ги сите урбанистички параметри, стиловите кои се условуваат во плановите се единствени во свет, друг пример во светот немам забележано. За тој дел на приказната немам зборови како да дојдоа од некоја друга планета проектанти, а не мои колеги и се поиграа со Скопје на најужасен начин- вели архитектот Тортески.
Малиот Ринг важи за најконтроверзен урбанистички план, чии измени се прават во корист на сите, само не на граѓаните, а во зависнот од моќта и финансиите, планот се менуваше и преку ноќ.
Битката за Мал Ринг се води веќе четири години на седниците на Советот на општината Центар. Опозициските советници, на седниците, реагираат дека општината се користи само како тело преку кое треба да поминат идејните решенија, а дека сите идеи од проектот се дело на лични интереси на некој кој не знае што е современа архитектура.
-Од Мал ринг направивме куклен театар. Срам ме фаќа кога ќе ги видам тие израстоци на „Скопје 2014“. Нема што повеќе да се проектира, остана уште Вардар, изјави на последната општинска седница архитектот Тагасовски
Дали е добар или лош ќе решат граѓаните
Но, на ваквите обвинувања и споредби со проектот Скопје 2014, градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ на една од седниците на општинскиот Совет изјави дека дали е добар или не овој дел од градот, ќе пресуделе граѓаните.
-Со проектот „Скопје 2014“ центарот на градот доби нови изглед. Нормално е да има и негативни критики, но вие од старт со сите сили го напаѓате проектот. Треба да се задоволи јавниот вкус и важно е што мисли поголемиот дел од популацијата. Кога туристи ги посетуваат градовите во странство, тие не одат да ги видат модерните градби, туку архитектурата на старите векови, изјави на една од седниците, градоначалникот Тодоровиќ.
И според дел од архитектите фактот што законски нема граничување колку пати и на колку време може да се менува еден урбанистички план, нема ништо спорно и во честите измени дополнувања на Малиот Ринг. Ако еден план не може успешно да се реализира, тогаш мора да трпи измени колку и да е чести, како што се случува со Мал Ринг, коментираат од некои од архитектонските компании. Иако побаравме официјален став од Институтот за урбанизам, сообраќај и екологија Ин Пума, кои се главните планери на Мал Ринг, од таму не сакаа да коментираат за честите измени. Не добивме одговор ниту од Секторот за урбанизам на општината Центар, под чија надлежност е овој план.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





