ЗА ГРОЗОМОРНОТО ДАВЕЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ ДЕЦА КОПИЦ ОДИ НА РОБИЈА 50 ГОДИНИ: Хрватскиот суд изрече максимална казна
Објавено во: Балкан 07 Јуни, 2022 15:51
Австрискиот
државјанин Хералд Копиц (57) денеска пред судот во Загреб е осуден на
максимална затворска казна од 50 години за убиството на неговите три малолетни
деца во Загреб во септември минатата година.
Судскиот процес кој почна и заврши денеска беше затворен за јавноста поради заштита на достоинството на убиените деца и нивната мајка, хрватска државјанка.
Медиумите објавија дека Копиц се изјаснил за виновен, а за секое убиство е осуден на 27 години, што се комбинира со максимална казна од 50 години.
Судењето беше затворено за јавноста пред тој да се изјасни за виновен за „користење на довербата на децата во него како татко на 24.09.2021 година, околу 22 часот во стан во Загреб“ со умисла да ги убие и го изврши злосторството.
Децата, од кои две близначиња на возраст од седум, а едно четиригодини, тој викенд требало да го поминат со него.
Со вештачење е утврдено дека тој бил здрав во моментот на делото.
Копиц живеел и работел во Загреб, а, според пишувањата на медиумите, имал свои фирми и работел во неколку големи компании како финансиски консултант и преговарач.
Хрватската, но и целата јавност во регионот беше згрозена од монструозниот чин кој го направи Копиц на сопствените деца.
ФОТО: InstagramМожеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




