ЗА и ПРОТИВ: Дали Владата доволно инвестира во капитални проекти?
Објавено во: Анализа 28 Ноември, 2013 08:34
Експертите коментираат дека Владата секоја година прави оптимистички планови за капитални инвестиции, но потоа тие „затајуваат. Слободан Најдовски, аналитичар, вели дека планираната сума сигурно нема да се реализира во целост и до крајот на годинава.
„Не можат да се забележат некои големи инфраструрни проекти кои се започнати, а кои би требало да се завршат до крајот на годинава, па за да се очекува толку голема сума да се вложи во капитални расходи“, вели Најдовски.Според него, под претпоставка и да се потрошат уште 113 милиони евра капитални инвестиции колку што треба за да се оствари планот, а со оглед на потфрлањето и кај буџетските приходи, ќе има недостиг на пари за другите неопходни функции на буџетот, како што се трансфери до фондовите, исплата на плати на админситррацијата и слично. Според Шенај Хаџимустафа, универзитетска професорка, секоја година при планирањето на буџетот се зголемуваат сумите за капитални расходи, но потоа никогаш во потполност не се реализираат.
„Навистина е пожелно тие суми во целост да се остваруваат, со цел да може граѓаните да го почувствуваат нивниот позитивен ефект. Бидејќи, само капиталните инвестиции и овозможуваат на државата одржлив економски раст. И, она што е многу битно, е во кој сектор се направени тие капитални инвестиции, односно вложувањата да бидат во инфраструктура, здравство, образование, кои всушност на долг рок носат позитивни ефекти“, нагласува Хаџимустафа. Како можни причини зошто затајуваат капиталните инвестиции таа ги наведува недоволната подготвеност на институциите, веројатно сложената тендерска процедура, и слично.За идната година, со буџетот за 2014 кој се уште е на расправа во Собранието, предвидено е за капитални инвестиции да бидат наменети околу 364 милиони евра. Министерот за финансии Зоран Ставрески во експозето изнесе бројка од 650 милиони евра за капитални проекти за в година. „Околу 370 милиони евра ќе се реализираат преку буџетот, а другиот дел ќе биде преку ЈП за патишта, ЕЛЕМ и МЕПСО“, рече министерот. Според него, за двата нови автопати в година ќе бидат потрошени 160 милиони евра, проект кој оди преку ЈП за патишта, а ќе се финансира со кредит од кинеската Ексим банка. Неодамна првиот финансиер изјави дека следната година можеме да ја окарактеризираме како „година на изградба на патишта“. Најдовски вели дека оправдува задолжување за капитални проекти.
„Јас оправдувам задолжување за финансирање на инфраструктурни проекти. Но, кога станува забор за изградбата на двата нови автопати, за кои ќе се користи кинескиот кредит, Владата треба да одговори зошто и досега не инвестираше во автопатишта, а потроши околу 17,5 милијарди евра буџетски пари. Втората работа што треба да се објасни е дали ја избравме најповолната варијанта за земјава за изградба на овие два автопати, и тоа не само од аспект на каматата, туку и од аспект на вкупното чинење на изградбата на тие патишта. Бидејќи, според најавите, нив ќе ги гради конеска компанија која не е избрана на тендер“, потенцира Најдовски.Деновиве опозициската СДСМ во јавноста ги изнесе своите проценки дека „2013 година ќе ја завршиме со капитални расходи од околу 250 милиони евра. Тоа ќе бидат најниските капитални инвестиции во последните 5 години во апсолутен износ. Како процент од БДП тие ќе изнесуваат бедни 3,2 отсто“, сметаат од партијата. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, потенцираа дека „СДСМ добро знае дека најкрупните капитални проекти се во инфраструктурата, а дека Агенцијата за патишта од оваа година е издвоена од Буџетот, согласно тоа и капиталните инвестиции кои се реализираат преку неа“. Ф.Н.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





