„За инает“ на короната! Која фирма ја зголеми дивидендата за 50 отсто?
Објавено во: Економија 20 Април, 2021
Светиниколската компанија за битумен и хидроизолација веројатно е најдобитната компанија за 2020 година од аспект на дивиденден принос. При крај на мај акционерите ќе гласаат за поделба на нето дивиденда од 1.650 денари за акција што е за 50 отсто повеќе од приносот што го земаа лани!!!
На „слатки маки“ се акционерите на БИМ од Свети Николе. На 26 мај годинава ќе гласаат на редовно собрание за поделба на дивиденда. Предлогот е 1.650 денари за акција во нето износ што е за 50 отсто повеќе во однос на 2019 година кога нето по акција исплатија 1.100 денари за секоја акција на своите акционери. Вкупниот бруто износ за исплата на дивиденда годинава од работењето за лани изнесува 288.500 евра.
БИМ е единствената македонска компанија за производство на хидроизолациски материјали од битумен. Дивидендата е повеќе од добра и изнесува над 15 отсто од последната пазарна цена на таа акција. Единствено проблематично е тоа што нема ни за лек да се купи акцијата на светиниколски БИМ.
Светиниколската компанија БИМ лани исплати над 193.000 евра бруто дивиденда на своите акционери, а нето износот по акцијата изнесува 1.100 денари односно 18 евра, за успешното работење во 2019 година.
БИМ е целосно поседувана домашна компанија, нема акционери од странство. Во својата акционерска структура има вкупно 99 акционери од кои само едно домашно правно лице и уште 98 домашни физички лица.
Најголем акционер и доминантен сопственик на БИМ е Стојанче Стојанов, актуелен претседател на петчлениот Одбор на директори. Тој поседува 53,4 отсто од акциите со право на глас и ќе добие околу 135.000 евра нето дивиденда. Другите 97 акционери физички лица ќе поделат околу 130.000 евра.
Акционерите, доколку биде усвоен овој предлог, ќе ги добијат своите пари на 21јуни пишува во предлог одлуката за дивиденда. Дивиденда ќе носи секоја акција што е истргувана до 14 август.
Освен што е уникат во дејноста, БИМ е веројатно уникат и по тоа што неколку години наназад дели дивиденда, но таа акција не може да се најде и да се купи. Последна трансакција со акцијата на БИМ била на 4 јули 2018 година кога се истргувани 23 акции по цена од 10.100 денари.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.