05 Декември, 2025
0.0647

За извештајот на ЕК се кршат копја и во Собрание и на тркалезни маси!

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2012 20:14

Добивај вести на Viber

Во текот на денешната расправа  за извештајот на ЕК, во фокусот економските прашања. Опозицијата ја обвини власта дека земјата не ги искористила парите што и стојат на располагање од ЕУ поради недоволно добри проекти, укажаа на констатираните неправилности кај судството, јавните набавки во делот на анексите и на непостапување по наодите од Државниот завод за ревизија, за сиромаштијата и невработеноста. Власта смета дека
во извештајот се констатирани мали недостатоци и дека тоа е најпозитивниот извештај досега.
 За извештајот се расправаше и на тркалезната маса за Извештајот на ЕУ 2012 насловена „Политичкиот и економскиот напредок на Македонија” при што вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски изјави дека Македонија и покрај тоа што се уште не е членка на Европската унија, успешно се справува со кризата.
„Македонија кога ќе биде членка на Унијата ќе биде фактор на стабилност и мора да биде погласна во своите барања. Позитивно е оценета деловна клима во земјава, како и конкурентноста, а забележан е напредок и кај трансевропските мрежи“, рече Пешевски.
Вицепремиерот додаде дека е потребно да се вложат напори за да се намали невработеноста и да се подобри квалитетот на работната сила, но исто така нагласи дека во новиот извештај на Европската комисија забележани се голем број позитивни аспекти, особено во политичките и економските критериуми.
Но, претставниците на бизнис заедницата од своја страна оценија дека позитивните резултати и оценки од ЕК  треба да бидат  реални и во пракса,  со применливи закони и институции  кои ќе имаат капацитет за нивно спроведување и независни од политиката.
- Иако добиваме  редовно позитивни оценки од ЕК во пракса работите не ни се такви, како на хартија. И тоа автоматски генерира нешто што е за сомнеж зошто покрај позитивните вреднувања што би требало да значи прогрес, од друга страна економијата во државата не е аналогна на тоа што се презема, изјави Мендерес Кучи, претседател на Комората на северозападна Македонија.
Главно на што треба да се ангажираме  не колку закони донесуваме, туку колку тие се применливи во пракса и  се почитуваат од страна на институциите и тие на кои се однесуваат, додаде Кучи.
Според Љубица Нури, претставник на Стопанската комора на Македонија,  извештајот сумарно е напредок, но кога ќе се анализираат  поглавјата,  за  четири од нив не се воопшто задоволни,  во шест е постигнат напредок, а останатите се со умерен напредок.
 - Меѓутоа, она што загрижува е дека во 22 поглавја  се констаира недостиг на административен капаците, а во 15 поглавје дека не се довршено усогласувањето, односно дека се транспонирани основи регулативи, но самото аки кое подразбира законска  и подзаконска регулатива, политиките, институцијата, имплементацијата и следење на имплементацијата  со статистики  очигледно не функционира, рече Нури.
Македонија како што е познато ја задржа препораката за почеток на преговори со Унијата, а извештајот за економскиот напредок нотираше од мал и умерен до позначаен напредок во различни области, но остануваат уште многу предизвици. Европската комисија излезе со нешто поостро оценки во однос на јавниот долг на земјава. Се констатира дека тој значително пораснал и дека генерално водењето на фискалната политика и понатаму се влошува. Проблем претставува  и планирањето на среден рок. Брисел смета дека е намалена транспарентноста во државните трошоци. Исто така на креаторите на економската политика им се забележува дека проектирале приходи на нереална основа, мислејќи на првичните владини проекции кои засноваа раст од 4, 5 %.  Растот на јавниот долг според ЕК е главна причина и за зголемениот надворешен долг кој веќе надмина 60% од БДП а можно е тој се уште да расте бидејќи веќе се планирани нови кредити за да се покрие дупката во Буџетот.
Еве ги останатите заклучоци:
Невработеност: ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ЗА ЗЕМЈАТА
Корупција: ОСТАНУВА ПРОБЛЕМ ЗА ДРЖАВАТА
Макроекономија: МАЛ НАПРЕДОК
Финансии: УМЕРЕН НАПРЕДОК
Земјоделството: ЗАГРИЖУВА АДМИНИСТРАТИВНИОТ КАПАЦИТЕТ
Оданочување:  ОГРАНИЧЕН НАПРЕДОК
Енергетика: НЕ СЕ ДОНЕСЕНИ СИТЕ АКТИ
Транспорт: ПОТРЕБНО Е ПОДОБРУВАЊЕ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен