Добивај вести на Viber
Во Хашкиот трибунал на поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ денеска му беше изречена казна од 40 години затвор.
Судијата ОГон Квон потсети дека на Караџиќ му се судеше според 11 точки од обвинението за геноцид, злосторства против човештвото и прекршување на законите и обичаите за војување. Обвинителите го обвинија Караџиќ за учество во четири здружени злосторнички потфати. Судијата објасни дека Претресниот совет заседавал 449 дена и сослушал повеќе од 440 сведоци, а по писмен пат примил искази од 152 сведоци.
Српските сили уништиле многу џамии и цркви во многу општини, но не постои несомнен доказ за тоа кој е одговорен за тие уништувања, вели судијата Квон. Според него, жртвите биле убивани масовно или по напади на несрпски населби биле одведувани во заробеништво. Жртвите биле избирани според националноста.
Во БИХ граѓаните во кафеани го следеа судењето на Караџиќ, иако беше забрането јавно собирање во Бања Лука.
Во Пале каде е куќата на Караџиќ, се собираат новинари и се очекува по пресудата некој од блиските да даде изјава.