19 Декември, 2025
0.0433

За кинески текстил Македонците трошат 10 милиони евра годишно!

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2012 16:20

Добивај вести на Viber

За само три години Македонија увезла кинеска облека во вредност од 32,1 милиони евра. Во земјава во последните три години стигнале 6 887 533  килограми текстил. Ова го покажуваат податоците до кои дојде Фактор, но тоа го потврдува и сликата од тезгите по пазарите и продавниците кои се преплавени со кинеска облека. Имено секоја година во земјава влегува кинеска облека во вредност од 10 милиони евра. Увоз на текстил од Кина Година                        кг.                   Вредност 2011                            2.260 768        10,9 милиони евра 2010                            2.381 366        10,5 милиони евра 2009                            2.245 399        10,6 милиони евра Вкупно                       6.887 533        32,1  милиони евра Анализирано по тоа што најмногу се купувало од кинеска облека, податоците  на Фактор покажуваат дека, за само три години македонските жени потрошиле: -          1 милион евра за купување на кинески градници, подвезици, стезници и мидери, -          908 илјади евра за хулахопки, чорапи -          991 илјада евра за долна облека (гаќи, ношници, пижами, наметки за бањање, комбилизони) Иако жените купувале повеќе гардероба, сепак и машката популација од земјава во изминативе три години потрошиле добра сума за кинеска гардероба, набавувајќи , кошули, врски , сакоа.Бројките покажуваат дека македонските мажи потрошиле: -          4,4 милиони евра за костуми, сакоа, панталони -          249 ијлади евра за кошули -          67 илјади евра за врски Податоците за увоз на кинески текстил не се поволни за македонските текстилни компании. Напливот на кинеска стока дополнително ја урива позицијата на македонските текстилци  на домашниот пазар посебно во ситуација кога тие се неконкурентни и на странските пазари. Текстилците од Македонија на странските пазари речиси и да не извезуваат готови производи, сопствени брендови туку 95 отсто од нивниот извоз е лон-производи. Познавачите сметаа дека компаниите ќе мора да се преструктурираат и да го следат трендот во околните земји, да се модернизира производството. Но,  бизнисмените од оваа индустрија се жалат дека и тие се свесни за она што треба да се превземе, а проблемот е што нема пари за нова опрема, тешко се доаѓа до кредити а целата ситуација дополнително ја усложнуваат и намалените нарачки за 40 отсто... „Ние како текстилна индустрија во Македонија за жал во последниот период не го запазивме трендот на развој. Дури може да се каже дека има одредена стагнација или уназадување. За разлика од она што се случува во околните земји, ние како сопственици не сме во можност да го следиме процесот на модернизација, кој се случува во текстилната индустрија, изјави  Маријана Перковска, претседател на Кластерот за текстил. Текстилната индустрија вработува 35 отсто од вкупниот број на работници или во во оваа гранка работат повеќе од 40 000 луѓе.  

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии