ЗА КОЛКУ ПАРИ СЕ ПРОДАДЕ ТОПЛАНАТА „СКОПЈЕ СЕВЕР“? Новиот сопственик „искешира“ голема сума
Објавено во: Економија 27 Февруари, 2024
Пакетот од 77.414 обични акции на топланата „Скопје Север“ беше продаден во трет обид за близу 350 илјади евра, или 21.521.092 денари . Овие акции всушност претставуваат 99,98 проценти од основната главнина на друштвото.
Една акција се продаваше за 278 денари, а топланата беше понудена на продажба минатата година во септември за 605 илјади евра. Тогаш за акција се барале 482 денари. За истите акции уште една година претходно, понудата за продажба изнесувала 780 денари по акција.
Како продавач се јавува Топлификација АД Скопје, која е во стечај. Парите од продажбата ќе се распределат на доверителите.
Податоците се од вчерашната официјална берзанска листа.