За колку порасна македонскиот БДП?
Објавено во: Економија 06 Јуни, 2023
Kaко што објави Државниот завод за статистика (ДЗС), бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година има раст од 2.1 отсто.
Поголем пораст е забележан во секторите – Градежништво од 12.7 отсто и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје, номинално расте за 14.8 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 69 отсто. Извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7 отсто, а увозот на стоки и на услуги има намалување во номинален износ од 1.4 отсто.
Според прогнозите на Европската комисија за движењата на македонската економија, ќе имаме раст од два проценти годинава, а идната 2024 година тој ќе изнесува 3,1 отсто.foto freepik.com/creativeart
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.