19 Декември, 2025
0.4753

За „Купи куќа, купи стан“ ќе се аплицира до крајот на годината

Објавено во: Економија 19 Мај, 2013 11:36

Добивај вести на Viber

Владата го продолжи рокот за поднесување барања за проектот „Купи куќа, купи стан“. За оваа година ќе се објави уште еден повик во рамки на кој заинтересираните ќе може да аплицираат до 31 декември.

Ова го најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. - Досега 121 семејство доби свој дом благодарение на овој проект и уште 20 апликации се во завршна процедура. Владата објави уште еден јавен повик во рамки на кој граѓаните може да поднесуваат барања до 31 декември годинава. Освен тоа, овој проект даде поддршка за градежништвото и ја поттикна и кредитната активност на банките. Околу 4 милиони евра станбени кредити се доделени преку овој проект, од кои 703.000 евра субвенционираше државата, вели министерот.

Тој додава дека најмногу одобрени апликации има во Скопје, потоа во Битола, Струмица, Кичево и Куманово, а дека граѓаните повеќе го избираат моделот „половина рата“.

Засега, истакнува, многу повеќе апликации се за купување стан, отколку за куќа. Меѓутоа по зголемувањето на субвенцијата за изградба или надградба на куќа од 50% на 75%, расте интересот и за оваа опција.

Во интервјуто напоменува дека граѓаните може да искористат и некој од плацевите што ги нудат општините како што се Бутел каде има 150 парцели за индивидуални куќи, Хиподром 300, Прилеп 354, потоа Илинден, Сопиште...

Според  министерот проектот е одлична можност за  граѓаните да го решат животното прашање со поддршка од Владата преку субвенција која достигнува и до 15.000 евра.

Проектот почна да се реализира во јануари минатата година. Барањата се поднесуваат во една од банките учеснички во проектот, за една од двете варијанти „Половина рата’ или „Половина учество“.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар