15 Декември, 2025
0.0311

За Москва шлаканица „тешка“ 50 милијарди долари

Објавено во: Свет 28 Јули, 2014 12:53

Добивај вести на Viber

Русија ќе мора да плати 50 милијарди долари отштета за акционерите на поранешниот нафтен гигант Јукос, по пресудата на меѓународниот арбитражен суд во Холандија. Судот по 10 години донесе пресудат според која руските власти ја прекршиле Енергетската повелба на ЕУ при експропријацијата на имотот по банкротот на Јукос во 2003 година. Русија, освен отштета ќе мора да плати и вртоглави 65 милијарди долари судски трошоци. Оштетените, пак, бараа од судот двојно повисока отштета од 114 милијарди долари. Рокот за исплата на досудените средства е јануари 2015 година, а потоа ќе започне да се пресметува камата. Се очекува Русија да вложи жалба на пресудата во корист на компанијата регистрирана на Гибралтар „Група Менатеп Лимитед“, која некогаш најбогатиот Русин Михаил Ходорковски ја користеше за управување со Јукос. Случајот „Јукос“, еден од најпознатите во Русија во овој век, е голема тема во целиот свет цели 11 години. Руските власти во 2003 година го обвинија раководството на тогаш најголемата компанија во земјата за корупција, затајување даноци, перење пари и проневера. По судењето Русија го доби и најпознатиот затвореник - олигархот Михаил Ходорковски. Акционерите на компанијата која што ја водеше тој, обвинија дека Ходорковски е уапсен заради неговите олитички активности и критиките за власта. Тие тврдеа дека токму руската власт го довела Јукос до банкрот, а потоа преку „Росњефт“ го презела неговиот имот. Ходорковски кон крајот на минатата  година беше пуштен од затвор, по неочекувано помилување од рускиот претседател Владимир Путин.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете