За некои успех и пари, за други љубовни проблеми - еве што ве очекува идната недела
Објавено во: Општо 22 Септември, 2018
ОВЕН
Проблемите од минатата недела премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете.
Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно време е да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Навистина во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците. Во љубовта ќе имате повеќе среќа. Слободните претставници имаат одлични шанси да ја најдат вистинската личност. Ако сте во брак ќе бидете по малку себични.
БИК
Ќе се соочите со реалноста. Трезвено размислувате и јасно знаете што сакате, а воедно сте свесни за фактот поради кој не го остварувате тоа. Препреките кои сте ги имале ќе останат зад вас и ќе можите да се соочите со реалноста која е пред вас. Препуштете се на брановите на ентузијазмот и самите ќе се уверите дека сте го одбрале вистинскиот пат.
Извонредно функционирате во тим, па очекувајте успех таму каде што се бара ваков начин на работа. Посветете си најмногу внимание на себе, настојувајте да се опоравите од стресовите и незгодите, почнете од денес, бидејќи ви треба подолго време. Штедете ја енергијата и избегнувајте расправии. Во приватниот живот ситуацијата е вообичаена, без некои позначајни настани.
БЛИЗНАЦИ
Искористете го периодот за завршување на поважните работи, бидејќи енергијата ви е на високо ниво. Ќе работите промислено и сигурно без да се двоумите. Ќе поминете лесно во избегнувањето на обврските, па ќе можете да се зафатите со приватни работи. Во комуникациите ќе ви биде потребна дискретност, бидејќи преголемата импулсивност може да го промени мислењето кај некои луѓе од кои зависи вашата иднина.
Прифатете го мислењето на мнозинството за некои спорни случувања. Нема потреба да спречувате нечие влијание или да се издвојувате од групата на соработници. Во сентименталните односи ситуацијата е одлична. Обрнете внимание на искажаните зборови, особено на пораката која се крие помеѓу редовите и возвратете ја љубовта.
РАК
Периодот ќе го поминете мирно. Ќе се занимавате со вообичаените активности, а ќе имате се повеќе енергија за постепено решавање на недоразбирањата кои постојат во деловните односи. Настојувајте да бидете објективни согледувајќи ја општата состојба и не избрзувајте со ниту една одлука. Квалитетните услови ви овозможуваат подобро работно изразување. Постои можност за недорзбирања и непријатност со луѓето на повисоки положби. Бидете отворени за нови решенија.
Во емотивниот живот се уште не сте ги средиле работите во вашата глава, a незнаете и како да го сторите тоа. Ако сте слободни ве очекува средба со некоја личност кој ќе остави голем впечаток кај вас. Оние кои се во брак ќе решаваат стари, но и нови проблеми. Ќе бидете целосно сконцентрирани на партнерот и вашиот однос.
ЛАВ
Ќе се најдете во ситуации кои предизвикуваат голем ризик и бараат значителна моќ на импровизација, а многумина од вас ќе гледаат со резерва на проблемите. Треба да вложите доста труд за да воспоставите добри односи со околината. Потрудете се да ја стекнете потребната сигурност во себе за да можат вашите односи да бидат успешни. Повеќе движете се и комуницирајте, а од сето тоа извлечете конструктивна поука. Направете нешто повеќе за средување на вашата финансиска состојба.
Ограничете ги трошоците. Мислете на иднината. Не прифајќајте расправии со партнерот, бидејќи можат да се претворат во големи кавги. Толерирајте го однесувањето на партнерот зошто може да ви даде причина за љубомора. Контролирајте се повеќе. Ако сте во нова врска можеби ќе се разочарате и ќе размислувате што поскоро да ја прекинете.
ДЕВИЦА
Неделава ќе доживеете многу убави моменти на работното место, па тоа ќе ви даде дополнителен елан во извршувањето на работните задачи. Добро ќе се чувствувате и ништо нема да може да ја наруши вашата психофизичка рамнотежа. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник.
Финансиската состојба не е стабилна, а можни се непалнирани трошоци. Обрнете повеќе внимание на парите кои ги заработувате. Во љубовта ќе имате убави моменти со партнерот, но ве советуваме на повеќе толеранција. Во кругот на вашето семејство ситуацијата е одлична ќе решавате за некои сериозни прашања
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.