05 Декември, 2025
0.0311

За неколку години електрoавтомобилите ќе бидат поевтини од бензинските возила

Објавено во: Анализа 28 Мај, 2017 10:49

Добивај вести на Viber

Автомобилите на батерии наскоро може да се покажат поевтини од обичните бензински, нудејќи заштеди на возачите од првиот ден, покажува новото истражување.

Автомобилски производители од Рено до Тесла рекламираат поевтино гориво и пониски тековни трошоци на електричните автомобили, кои помагаат да се компензираат повисоките првични цени платени од возачите кога купуваат автомобили со нулта емисија.

Истражување на „Bloomberg New Energy Finance“ сепак покажува дека смалувањето трошоци за батерии значи дека електричните автомобили ќе станат поевтини за корисниците во САД и во Европа уште до 2025 година. Батериите во моментов формираат околу половина од цената на електричните автомобили, а цените на батериите ќе се намалат за околу 77% помеѓу 2016 година и 2030 година, се наведува во лондонската консултантска компанија.

„Од гледна точка на почетната инвестиција овие работи ќе почнат да стануваат поевтини, а луѓето ќе почнат да ги согледуваат посериозно, бидејќи разликата во цените [меѓу електричните и обичните автомобили] ќе се намали“, вели Колин МакКарчор, аналитичар во компанијата. „Потоа работите ќе станат дури и убедливи“.

Рено кој е производител на електрични автомобили Zoe, прогнозира дека вкупните трошоци за сопственост на електричните автомобили до почетокот на следната деценија ќе се изедначува со конвенционалните возила со внатрешно согорување, посочува Жил Норман, постар заменик претседател на електричните автомобили на француската компанија.

„Имаме две криви“, рекол Норман во интервју претходно овој месец во Лондон. "Едната е намалување на трошоците на технологијата кај електричните автомобили, бидејќи има повеќе откритија во трошоците на технологијата и поголем обем, затоа и трошоците за електричните автомобили ќе се намалат. Конвенционалните возила ќе поскапат во резултат на строгите прописи, особено во однос на честичката прашина“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени