За неполни 4 часа стартува полицискиот час во Македонија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Март, 2021
За неполни 4 часа стартува полицискиот час во земјава, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Од 22 часот до 5 часот наутро граѓаните ќе може да ги напуштат своите домови само со посебни дозволи. Министерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели не беше лесно да се донесе одлуката за полициски час, но таа се воведува за да не дојде до построги мерки. Отстапки од забраната ќе има само за граѓаните кои имаат потреба од итна медицинска грижа, но за нивното напуштање на домовите ќе треба да се најават во Министерството за внатрешни работи. Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми. За транспортерите на лица и на стока како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат државата. Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштат и патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето полициски час, при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна. За непочитување на полицискиот час за физички лица предвидена е парична казна или затвор до една година, додека за правни лица Кирвичниот законик предвидува парична казна до 30 милиони денари. Македонија деновиве имаше над 700, но и над 800 заразени со коронавирусот на дневно ниво.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.