23 Април, 2024
0.0339

За ништо не жалам, само за едно...тоа што не можевме да ве израдуваме вас со победа: Ракометарката Јована Саздовска за Женски магазин

Објавено во: Стил 15 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Таа е една од најмладите македонски репрезентативки. Јована Саздовска. Родена во Скопје, на кој како што самата ни кажа му се радува со секое нејзино враќање, израсната во едно здраво, спортско, хармонично и исполнето со љубов семејство. По природа е борец, личност која не признава пораз.

“Обожавам да се дружам и забавувам со моите другарки, но најмногу од се го ценам времето поминато со моите најблиски (мама, тато, бато и неговото семејство со внуката Илина)“

Оние кои го следат ракометот, сигурно знаат дека Јована настапуваше во репрезентативниот дрес на ракометното првенство за женски сениорки, ЕХФ ЕУРО 2022 чиј домаќин покрај Љубљана, Целје и Подгорица беше и Скопје.


*Раскажи ни ја твојата приказна, како се роди љубовта кон ракометот?

-Љубовта кон спортот од секогаш постоела, без никаков притисок или принудување од било кој. Можеби е сето тоа генетски, не знам. Не само ракометот, јас навистина го обожавам секој спорт посебно што се игра со топка (фудбал, одбојка, кошарка…). 

Љубовта кон ракометот се појави уште од првиот тренинг во тогашниот клуб РК Скопје и еве веќе сме во љубов 18 години. 

*За кој клуб играш моментално?

-Играм во клубот Браила, кој се наоѓа во Романија.


*На кој миг најмногу се радуваш, а за што најмногу жалиш од последното натпреварување на кое Македонија не го продолжи патот?

-Европското првенство беше настан што никогаш нема да го заборавам во мојот живот. Едно огромно искуство, кое ретко кој спортист може да го доживее. Секој натпревар носи своја меморија, исполнета со измешани чувства на среќа, адреналин, болка и разочарување. Морам да ја споменам нашата фаланга која беше на трибините и ни ја даваше поддршката во добро и во зло. За ништо не жалам, само за едно…тоа што не можевме да ве израдуваме вас со победа и пласман во понатамошната групна фаза. Целото интервју прочитајте го на Женски магазин.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган