05 Декември, 2025
0.0306

За оние кои велат дека предците ми биле Бугари: Баба ми викаше во војната нивните војници ги разбиравме само малку подобро од Германците

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2025 09:33

Добивај вести на Viber

По инцидентот на концертот во Велес, кога српската турбофолк пејачка Цеца го развеа бугарското знаме, темата повторно ја разбуди старата, незалечена рана – кои сме ние и зошто толку лесно дозволуваме други да ни кажуваат кои сме. 

Настанот, иако на прв поглед банален, повторно ја отвори вратата на бугарската јавност која последниве години сè почесто и со поголем жар се занимава со Македонија, со нашата историја, па дури и со нашата свест.

Од бугарска страна постојано слушаме дека можеме да се чувствуваме како сакаме, но „историските факти“ наводно докажувале дека нашите предци биле Бугари. Мене лично, таа пизма ме тера да се запрашам: чија историја ја читаме, а чија ја живееме?

Имам жива баба која се сеќава на Втората светска војна подобро од многу историчари што денес ни држат лекции. Таа велеше: „Кога доаѓаа Германците, земаа по нешто — кокошка, пченка, зеленчук — ама со ред и усул. Кога доаѓаа Бугарите, тоа беше страв и трепет. Копавме во земја што ќе најдеме, само да спасиме нешто за прехрана. Пустош оставаа зад себе.“ И тоа не е мит, туку живо сеќавање.

Баба ми зборуваше и дека со Бугарите едвај се разбирале — „само малку подобро од Германците“. Со време, дури и од Германците научиле некој збор. И тогаш, нека ми прости секој што ја цитира „историјата“, но како точно моите предци биле Бугари кога ни јазикот не им бил заеднички, ни сеќавањето, ни болката?

Смешно е како Турците, пет века колеле и даночеле, не успеале да ги убедат Македонците дека се Турци, ама Тито, за триесетина години, наводно ги „направил“ Македонци. Тој наратив повеќе кажува за политичките амбиции на денешна Бугарија отколку за минатото.

Она што навистина ме плаши е дека Европската Унија, во името на дипломатијата, дозволува ова историско понижување. Наместо да биде гарант на вредности, таа станува арбитер на идентитети. Кога му кажуваш на некого дека не е тоа што верува дека е — тоа не е дијалог, туку демонстрација на моќ. А ЕУ тоа го премолчува.

Но, вистината е дека најголемата вина не е во другите — туку во нас. Ние самите си го потценуваме она што сме. На концерти со бугарски пасоши пееме песни што немаат никаква врска со нашата култура, додека сопствените богатства ги оставаме да пропаѓаат. Туризмот ни умира, природата ја уништуваме, а културата ја заменивме со кич и туѓи симболи.

Се лутиме кога некој ќе ни го негира идентитетот, а самите го губиме секојпат кога ќе го замениме со туѓо. И можеби токму затоа – најголемата закана за Македонија не е ниту Бугарија, ниту ЕУ, туку нашето сопствено заборавање.

Магдалена Стојмановиќ - Константинов | Женски магазин

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите