26 Април, 2024
0.0279

За пензиите позајмува, а старите долгови тешко ги наплатува: Колку му должат на ПИОМ свештените лица и земјоделците?

Објавено во: Економија 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Фирми кои се во стечај или немаат сметки или пак имаат блокирани сметки, земјоделци, свештени лица – државниот пензиски фонд (ПИОМ) мака мачи да ги наплати старите долгови. Станува збор за побарувања од граѓани и фирми кои должеле и пред 2008 година, во време кога немаше интегрирана наплата на придонесите што сега оди преку Управата за јавни приходи (УЈП). Од тогаш датираат долговите кои ПИОМ уште не може да ги наплати. Според податоците кои ги има Фактор, на крајот на минатата година вака „заглавени“ се пари на ПИОМ во вкупна вредност од безмалку 111 милиони евра. Ние уште пред десетина дена се обративме во ПИОМ со прашања за тоа кои се најголемите должници, колку од земјоделците, но и од свештените лица должат од тогаш, но дали имаат податоци и колку поповите и оџите и сега плаќаат придонеси. Таков одговор од ПИОМ до денеска нема.

ПЛАЌААТ ЛИ СВЕШТЕНИТЕ ЛИЦА

Според податоци од нивната завршна сметка, од вкупните долгови тешки 111 милиони евра најголем дел се тие на фирмите кои отишле во стечај. По тој основ должат 606 фирми и вкупната сума е 35,2 милиони евра.

Долговите на над 1.000 фирми кои немаат жиро сметки се 7,8 милиони евра, додека компании кои се неактивни на ПИОМ му должат 19,5 милиони евра. Државниот пензиски фонд има должници и меѓу фирмите кои се со блокирани жиро сметки. Такви се над 3.000, а вкупно на Фондот му должат  над 19,2 милиони евра. Институцијата има побарувања и од 1.656 обврзници за кои се води постапка и сумата на долгот по овој основ изнесува 12,4 милиони евра. Долговите пак на други физички лица и индивидуални земјоделци изнесуваат 16,8 милиони евра. Сите овие пари ги должат 4.721 лице. Во ПИОМ не соопштуваат дали меѓу овие има и свештени лица и колку од нив ќе земат пензија, ако не плаќаат и сега. Останаа глуви на барањата на Фактор да одговорат на овие прашања, а одговори не добивме ниту од УЈП.

БЛОКИРАЛЕ СМЕТКИ, НЕ НАПЛАТИЛЕ

Во текот на минатата година од старите долгови кои се настанати до 2008 година ПИОМ успеал да наплати само 2,3 милиони евра. Сумата е симболична во однос на вкупната сума на побарувањата и е остварена од продажба на имот во стечајна постапка.

Во ПИОМ се смета дека причините за малиот обем на наплата на придонесите до кајот на 2008 година за кои постапка води Фондот, се поради тоа што освен постапката за присилна наплата односно да блокираат жиро - сметка немале други механизми да ги наплатат своите побарувања.

Фактор вчера објави дека лани од буџетот на државата за покривање во дупката во ПИОМ се дадени 463 милиони евра. Фондот секој месец позајмувал дополнителни пари кои ги враќал следниот, а како позајмици за цела година се водат над 115 милиони евра.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката