Добивај вести на Viber
За пет дена ќе се знае чие идејно решение ќе биде избрано за конечно од четворицата ново пријавени автори за фасадата на Градскиот Трговски Центар. Во игра се автор кој понудил современа архитектура, двајца стаклена надворешност, а четвртиот, комбинација од барок и класицизам.
На првиот конкурс за избор на идејно решение на фасадата се пријави само еден автор со футуристичко решение кој заврши неуспешно.
Според досегашните изјави на директорот на ГТЦ Аго Абазовски тој сака новата фасада на трговскиот да се вклопи во околината, каде доминираат објектите на „Скопје 2014.