19 Декември, 2025
0.0485

За проституција и дрога во Чешка нема криза-се трошат 800 милиони евра годишно

Објавено во: Свет 05 Февруари, 2013 13:30

Добивај вести на Viber

Иако анкетите покажуваат дека се повеќе чешки семејства штедат, според експертските проценки Чесите за дрога трошат над 480 милиони евра, а за проституција околу 280 милиони евра.

Истражувањата покажуваат дека бројката на луѓе кои барем еднаш користеле марихуана и хашиш достигнува еден милион, метамфетамин пробале 133.000 луѓе, хероин 33.000, кокаин 55.000, екстази 250.000, а ЛСД над 150.000 лица.

Бројот на тешки корисници на метамфетамини се движи околу 28.000, а на хероин околу 6.000 лица. Во 2010 година во Чешка се потрошени околу 18 тони канабис, 4,5 тони метаметамин, 4,7 милион таблети екстази, еден тон кокан и 1,3 тони хероин. Неколку други милиони евра во Чешка се трошат и за нелегален алкохол, кој опфаќа десет проценти од вкупно испиените алкохолни пијалоци.

Чешка го држи приматот во производство на метамфетамини и оваа дрога не се увезува туку е целосно од домашно производство. Најголем дел од марихуаната исто така (80 проценти) е од домашно производство.

На чешкиот пазар доаѓа дрога од балканските, јужноамериканските и азиските центри. Овие резултати произлегуваат од проценката на обемот на т.н нелегална економија, која ја анализираат ресорните Министерства, Чешкиот завод за статистика, невладини организации, експерти и сороведувачи на анкети.

Според анализите со проституција се занимаваат околу 10.000-12.000 лица. Просечната цена за сексуалните услуги изнесува околу 50 евра. Во земјата има околу 600 фирми кои се занимаваат со еротски служби, каде работат 6.000 жени, а функционираат и други 1.750 регистрирани слични претпријатија. Организацијата ,,Розкош" соопшти дека во Чешка без проблем функционираат најмалку 6.000 проститутки кои имаат просечна дневна заработувачка од 80 евра. Најголем број од клиентите се Чеси, додека 40 проценти се странци.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ