24 Ноември, 2024
0.0302

ЗА ПРВИ МАЈ СЕ Е ЗАФАТЕНО – не остана слободна вила за претстојните празнични четири дена, ќе слават друштва од шест па и до 16 лица

Објавено во: Економија 27 Април, 2021

Добивај вести на Viber

На огласи ќе ги најдете како слободни, но ако се јавите на оставените телефонски броеви и да побарате сместување за претстојните четири слободни денови од споените велигденски и првомајски празници, ќе ви кажат дека, за жал, се е веќе резервирано.

Се нудат најчесто вили и викендици во речиси сите делови од земјава, од истокот до западот, битно е дека секаде има прекрасна природа, зеленило, убави дворови, опремени кујни и добри места за преавење скара. Вилите располагаат со убави зелени површини, погодни за рекреација, спорт, играње на деца, а дел од нив нудат и базени, што може да се види и од приложените фотографии на огласите.

Најчесто понудите се за вили во кои во поединечните соби или апартмани можат да се сместат вкупно меѓу шест, осум, 10, 12, па дури и до 15 возрасни лица или деца. Главно се изнајмува вила за едно друштво од две-три, па и повеќе семејства, се зависи од тоа дали се само возрасни, или во вилата планираат да престојуваат со деца.

Сепак, на „интернерт пазарот“ овие денови не може да се најде ништо слободно.

„Решивме со неколку пријатели кои се главно брачни парови да заминеме во петок во некоја од вилите, и да поседиме до понеделник. Времето ќе биде убаво, така барем кажуваат прогнозите, би било грев да не искористиме за дружење слободни чтири дена. Се јавивме на неколку места, но за жал, ни кажаа дека за првомајските празници се е веќе резервирано“, вели една скопјанка.

Фактор се јави и на телефонските броеви на огласите. За први мај и Велигден се е зафатено. Ова, пак, значи дека и покрај мерките, ќе има групирање меѓу граѓаните. Иако, станува збор или за роиднини, значи од едно пошироко семејство, или за блиски пријатели. Можеби дел од граѓаните сметале дека за првомајските и велигденските празници нема да работат угоститителските објекти, па побрзале да не остават ништо на случајноста и да договорат дружење за слободните четири дена.

А што се нуди како викендица низ семјава?

Вила со греење или ладење, Wi-Fi, паркинг, ТВ, опремена кујна, па и отворен базен во летната сезона. Вилите се уредени многу флексибилно. Па така, во нив има посебни соби со брачни кревети, единечни кревети, детски креветчиња и слично, се со цел да можат да бидат опфатени различни друштва и различни видови гости. 

Цените, се на пример, за апартман со една спална соба 2.100 денари од ноќевање, со две спални се 5.500 денари од ноќевање, додека наем на цела вила, на пример, е околу 6.000 денари. Или, 4.000 или 4.500 денари од ноќ, но помалку сместени луѓе.

„Нема ништо слободно. Кај мене е резервирано за првомајските празници уште пред два месеци. Ако сакате за после први мај, јавете се, или уште отсега да резервираме“, велат од една од вилите.

„Нема слободно, но за после први мај доколку сакате, повелете, уште сега да резервираме. Нашата вила собира 16 гости, но јас имам еден принцип, не ги мешам гостите. Значи, ако сте друштво од 16 луѓе, има место за сите, бидејќи имам повеќе соби, но и да сте петорица, пак ќе бидете сами во вилата, нема да има други гости, така што вие ќе можете да се чувствувате сосема безбедно и комотно“, ни рече еден од сопствениците.

„Можам да ви понудам само помали апартмани, за две лица до три, вилите ми се веќе издадени од поодамна. Се јавуваат луѓето, си резервираат навреме“, објаснува друг сопственик на неколку издавачки капацитети.

Од друга страна, властите апелираа граѓаните да се однесуваат одговорно за претстојните верски празници.

„Будно ја следиме ситуацијата и овие мерки се препорачани врз основа на сето ова што се случува. Еден од клучните фактори е одговорноста на граѓаните, без разлика на тоа какви мерки важат во еден или во друг период. Мора да знаеме дека таму каде што се почитуваа мерки немаше проблеми. За време на двата празника, сабота кон недела, и за Рамазан Бајрам, граѓаните ќе можат слободно да се движат. Мерките ги воведовме за да се намали притисокот врз болниците. Сакавме некои работи да забрзаме и да можат да здивнат лекарите. Во таа смисла, воведовме одличен модел на балансирани мерки. Во однос на групирањето, и сега може да се групираат луѓето. Верските лидери зедоа обврска сè да се организира надвор. Сите со сопствената одговорност да покажеме дека може да се функционира“, истакна министерот Филипче на вчерашнта пресконференција.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“