06 Декември, 2025
0.0370

ЗА ПРВПАТ ВО РЕГИОНОТ: ИЗВЕДЕНА КОМПЛЕКСНА УРОЛОШКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2025 15:59

Добивај вести на Viber

Уролошкиот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ изведе исклучително комплексна реконструктивна уролошка интервенција која досега е изведена единствено во четири референтни европски центри. На пациент истовремено му беа вградени вештачки уринарен сфинктер и трокомпонентна пенилна протеза – интервенција позната под медицинскиот термин AMS 1500, според името на водечкиот производител на вакви импланти American Medical Systems – Boston Scientific.

Со оваа интервенција, со еден хируршки рез, трајно се решаваат две комплексни состојби: краен степен на еректилна дисфункција и целосна уринарна инконтиненција, со што пациентот добива трајно решение за еректилната дисфункција и зависност од пелени. Ваквата интервенција се смета за врвот на реконструктивната урологија и се изведува само во центри со долгогодишно искуство и висока експертиза.

Операцијата ја изведе уролошкиот тим на „Аџибадем Систина“ предводен од д-р Александар Мицковски, во присуство на проф. д-р Владимир Којовиќ, долгогодишен надворешен стручен соработник на болницата и еминентен светски уролог кој низ годините има одлична сорботка и споделено искуство со нашиот тим.

„Горди сме што за првпат во регионот, нашата болница е пионер во изведување на оваа исклучително комплексна интервенција. Успешната операција е резултат на континуирана едукација, тимска работа и врвна хируршка пракса. Посебна чест е што пациентот од Швајцарија ја избра токму нашата клиничка болница, по препораки од други наши пациенти, за да добие најсовремено и трајно решение за својот проблем. Ова е потврда дека македонската урологија може рамноправно да чекори со водечките европски центри. Голема благодарност пред сè до пациентот за безрезервната доверба, на хируршкиот интернационален тим и на нашиот персонал од операциони сали, како и на претставништвото на Boston Scientific за Македонија за комплетната поддршка.“ изјави д-р Мицковски.

Комплексната интервенција траеше четири ипол часа по што пациентот е сместен на хируршкиот стационар каде по краток болнички престој и целосно заздравување ќе се врати на секојдневните активности. 


*Пр објави


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј