02 Септември, 2024
0.0257

„За само три месеци, дозволи сериозно нарушување на интегритетот на Собранието“: Левица тврди „Гаши нема да прекине“

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

 Најавената интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, која што е на предлог на политичката партија „Левица“ според објавата од страна на претседателот на партијата е заснована на седум точки. 
Тој синоќа преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објави кои се причините за барањето за интерпелација и притоа побара партиите да се вразумат и да ја оправдаат довербата од народото.
Еве ги седумте точки за интерпелацијата:

1. Повреда на секуларноста на државата; 

2. Скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје;

3. Повреда на употребата на македонскиот јазик;

4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии;

5. Неконстатирање на престанок на мандатот на Таљат Џафери;

6. Патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и

7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.

Од Левица истакнуваат дека „и покрај поднесената Интерпелација, спикерот Гаши продолжи со неговиот башибозлук и ја продолжи низата со нови скандали коишто во најмала рака повлекуваат политичка одговорност“.

- Очигледно е дека Африм Гаши нема намера да прекине со неговата злоупотреба на положбата и за само три месеци мандат, дозволи сериозно нарушување на интегритетот на Собранието.

Затоа, ги повикуваме парламентарните партии од #македонскиот блок на вразумување и оправдување на довербата дадена од граѓаните! - пишува во објавата на „Фејсбук“.
Еве ја нивната објава: 

Можеби ќе ве интересира

„Како може демократска процедура како интерпелацијата да е напад врз институциите“: Најчевска со контрааргументи против ставот на Вреди

„Како може демократска процедура како интерпелацијата да е напад врз институциите“: Најчевска со контрааргументи против ставот на Вреди

НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ПОЧНУВА СО РАДОСТ, НО И ГРИЖИ: Учениците се враќаат во школо, но дел од проблемите остануваат

НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ПОЧНУВА СО РАДОСТ, НО И ГРИЖИ: Учениците се враќаат во школо, но дел од проблемите остануваат

АВТОБУСИТЕ ВО СКОПЈЕ РЕДУЦИРАНИ - дел од приватните превозници нема да возат, еве кои линии се засегнати

АВТОБУСИТЕ ВО СКОПЈЕ РЕДУЦИРАНИ - дел од приватните превозници нема да возат, еве кои линии се засегнати

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ПО 10-ТИ СЕПТЕМВРИ: Славчо Попоски најавува обилни дождови, ни доаѓа циклон од Италија

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ПО 10-ТИ СЕПТЕМВРИ: Славчо Попоски најавува обилни дождови, ни доаѓа циклон од Италија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско