02 Септември, 2024
0.0484

НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ПОЧНУВА СО РАДОСТ, НО И ГРИЖИ: Учениците се враќаат во школо, но дел од проблемите остануваат

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Со нетрпение и радост, илјадници првачиња и ученици од погорните одделенија денеска ќе се вратат во училишните клупи. За многумина, ова е еден од највозбудливите моменти во годината, време на нови почетоци, предизвици и повторно дружење со соучениците.

„Со нетрпение ја очекувам новата учебна година,“ вели Марина, ученичка од осмо одделение. „Ќе имаме нови предмети, а и сакам да го видам целото друштво. Летото беше долго, но сега сум подготвена за нови предизвици.“ За неа, враќањето во училиштето не е само обврска, туку и можност да научи нешто ново и да се докаже во учењето.

Родителите, исто така, ги делат чувствата на своите деца, но за разлика од нив, тие се соочуваат и со одредени грижи. „Ние, како родители, секогаш се трудиме да ги подготвиме децата за новата учебна година, но не можеме да не бидеме загрижени кога знаеме дека повторно нема да има учебници на време, односно, како што најавуваат од министерството за образование, нема да има учебници за странските јазици,“ вели Наташа, мајка на две деца, ученици во петто и во девето одделение.

Потврда дека нема да има учебници за странските јазици стигна и од ресорното министерство. Иако министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ветува дека дистрибуцијата на учебници е во тек и дека тие ќе стигнат до училиштата до 1 септември, учебници за предметите по странски јазици нема да има. Причината е пропаднатиот тендер и тековната жалбена постапка. „Сите учебници кои оваа влада ги вети, оваа година ќе стигнат до почетокот на школската година,“ вели министерката Јаневска, но за странските јазици, учениците ќе мора да се снаоѓаат без учебници.

Покрај проблемот со учебниците, оваа година е стопирана и имплементацијата на новата концепција за основното образование, која требаше да почне да се применува во седмо одделение. Оваа одлука значи дека предметот историја ќе остане посебен предмет за седмоодделенците, наместо да биде споен со општество, како што беше планирано.

Дополнително, новата учебна година започнува со сериозни предизвици за целокупниот образовен систем во Македонија. Зголемувањето на бројот на семејства што се иселуваат од земјата резултира со намалување на бројот на ученици. За само една учебна година, бројот на основни училишта се намали за 11, а бројот на ученици опадна за 3.000. Овој тренд се очекува да продолжи и оваа година, па се стравува дека училишните клупи ќе останат празни, и наставниците ќе нема на кого да предаваат.

„Многу ми е жал што има сè помалку деца во нашето училиште,“ вели наставничка од едно рурално училиште. „Училиштето беше полно со деца кога јас почнав да предавам, но сега, секоја година има сè помалку ученици. Се плашам за иднината на нашето училиште.“

И покрај сите овие предизвици, новата учебна година носи и нови можности и надеж за подобрување на состојбата во образованието. Сепак, прашањето останува: дали државата е подготвена да се справи со овие предизвици и да им обезбеди на учениците соодветни услови за учење?

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден

Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден

„Намалувањето на цените на услугите наскоро треба да стапи на сила“: директорот на Катастар најавува достапност по електронски пат

„Намалувањето на цените на услугите наскоро треба да стапи на сила“: директорот на Катастар најавува достапност по електронски пат

„Рочиштата може да се одржуваат и на далечина“: Предлог законот за парнична постапка повторно во собраниска процедура

„Рочиштата може да се одржуваат и на далечина“: Предлог законот за парнична постапка повторно во собраниска процедура

Пациенти се степале додека чекале преглед во ГОБ „Св. Наум Охридски“

Пациенти се степале додека чекале преглед во ГОБ „Св. Наум Охридски“

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ НАД 27 ИЛЈАДИ УЧЕНИЦИ ЗА 10 ГОДИНИ: истражување на ЦГК открива каде има најголемо намалување

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ НАД 27 ИЛЈАДИ УЧЕНИЦИ ЗА 10 ГОДИНИ: истражување на ЦГК открива каде има најголемо намалување

„Како може демократска процедура како интерпелацијата да е напад врз институциите“: Најчевска со контрааргументи против ставот на Вреди

„Како може демократска процедура како интерпелацијата да е напад врз институциите“: Најчевска со контрааргументи против ставот на Вреди

АВТОБУСИТЕ ВО СКОПЈЕ РЕДУЦИРАНИ - дел од приватните превозници нема да возат, еве кои линии се засегнати

АВТОБУСИТЕ ВО СКОПЈЕ РЕДУЦИРАНИ - дел од приватните превозници нема да возат, еве кои линии се засегнати

„За само три месеци, дозволи сериозно нарушување на интегритетот на Собранието“: Левица тврди „Гаши нема да прекине“

„За само три месеци, дозволи сериозно нарушување на интегритетот на Собранието“: Левица тврди „Гаши нема да прекине“

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ПО 10-ТИ СЕПТЕМВРИ: Славчо Попоски најавува обилни дождови, ни доаѓа циклон од Италија

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ПО 10-ТИ СЕПТЕМВРИ: Славчо Попоски најавува обилни дождови, ни доаѓа циклон од Италија