08 Јули, 2024
0.0273

ЗА СЕКОЈА ПОФАЛБА - ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ ОД 33 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ: Комерцијална банка детално објасни како го остварила

Објавено во: Финансии 28 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка има голема причина за славење. Само банката во првото полугодие од годинава оствари фантастичен профит од 32,6 милиони евра, што во однос на истиот период лани е зголемување за 77,7 отсто.

Банката ги објави финансиските резултати што се однесуваат за првите шест месеци од годинава, кои говорат за повеќе од одличен финансиски резултат. Треба да напоменеме дека станува забор за неконсолидиран Биланс на успех, кој се однесува само на Комерцијална банка, односно без другите друштва во таа групација.

Во периодот од 01 јануари до 30 јуни 2023 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 2.003,3 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.127,3 милиони денари што претставува зголемување за 77,7 отсто. Планираната бруто-добивка за првото полугодие од годинава е остварена со 131,4 отсто“, се вели во образложението на финансискиот резултат презентирано на Берзата до инвеститорската јавност. 

Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 50,4 отсто поголема во однос на истиот период минатата година. 

„Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на приходите од редовно работење, односно од нето-приходите од камати кои бележат значително зголемување, што се должи на континуираниот пораст на основната каматна стапка на Народната банка и на каматните стапки на странските финансиски пазари, во комбинација со структурата на активата на Банката. Зголемувањето на каматните стапки е резултат на напорите за намалување на инфлацијата на светско ниво“, објаснуваат од Комерцијална банка. 

Во своето детално образложение за остварените резултати во првото полугодие од годинава, од Комерцијална банка објаснуваат дека позитивниот резултат од работењето Банката го остварила во услови на зголемена неизвесност поврзана со случувањата на меѓународните финансиски пазари, особено поради случувањата во банкарските системи во САД и Швајцарија, сѐуште висока инфлација која бележи одредено забавување, како и натамошно затегнување на монетарната политика. 

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.300,3 милиони денари, односно 53,6 милиони евра, што е зголемување од 32 отсто во однос на истиот период од минатата година. 

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на крајот на јуни кај нив се гледа зголемување за дури 82,1 отсто во однос на истиот период од минатата година, под влијание на затегнатата монетарна политика и зголемените каматни стапки. 

„Притоа треба да се укаже дека најголемо влијание во зголемувањето на каматните приходи има порастот на каматата од нерезиденти, финансиски друштва и држава. Иако е остварен пораст и на приходите од камати на кредитите дадени на правните лица и населението, истиот е во помал обем споредено со претходните категории. На пример, зголемувањето на каматните приходи остварени од финансиските друштва, каде доминираат пласманите во благајнички записи и депозитите во НБРСМ, се единаесеткратно поголеми, а кај нерезидентите, каде доминираат пласманите во странски банки се речиси деветкратно поголеми од приходите остварени во истиот период минатата година“, објаснуваат од банката. 

Односно, во првото полугодие од минатата година почна циклус на затегнување на монетарната политика преку зголемување на каматните стапки, како во ЕУ и САД, така и кај нас. Така, каматната стапка Euribor, која во првата половина од 2022 година беше околу 0 отсто или негативна, оваа година достигна околу 3,5 до 4 отсто. Кај благајничките записи, каматната стапка почна да се зголемува во април 2022 година и на 30 јуни 2022 година изнесуваше 2 отсто, додека на 30 јуни 2023 година таа достигна 6 отсто. Истовремено, Народната банка ги зголемуваше каматните стапки на депозитите пласирани преку ноќ и до 7 дена, при што каматата се зголеми од 0,40 и 0,45 отсто соодветно во јуни 2022 година, на 3,90 и 3,95 отсто соодветно во јуни 2023 година. Каматната стапка на државните записи од 0,40 отсто се зголеми на 4,00 или 5,25 отсто кај двегодишните државни обврзници, па сѐ до 7,00 отсто кај последната еврообврзница. Исто така, просечната пондерирана каматна стапка на депозитите во странски банки со состојба 30 јуни 2023 година, споредено со истиот период минатата година, е зголемена од 1,50 на 4,22 отсто. 

„Токму затоа, во билансот на Банката, приходите од камати кај финансиските друштва и нерезидентите збирно, се значително поголеми од приходите од каматите кај населението. Исто така, збирните приходи од каматите кај финансиските друштва, нерезидентите и државата се поголеми од приходите од камати кај правните лица. Банката ги оствари овие резултати благодарение на структурата на активата, во која над 55 отстго од пласманите се во парични средства, 2 парични еквиваленти и пласмани во хартии од вредност, што влијаеше на одржување на висока ликвидност и профитабилност од каматни приходи. Како резултат на ваквите движења, нето-каматната маржа на ниво на Банката се зголеми од 2,0 отсто заклучно со крајот на првото полугодие од минатата година, на 3,43 отсто со 30 јуни 2023 година“, објаснуваат од банката. 

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30 јуни.2023 година изнесувале 538,2 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 4,7 отсто. Планот за анализираниот период е остварен со 89,5 отсто. 

Нето приходите од курсни разлики биле на ниво од 181,5 милиони денари, што е раст за 36,5 отсто, како резултат на одржувањето на отворената девизна позиција на ниво кое овозможувало да се максимизираат нето позитивните курсни разлики од тековно работење. 

Останатите приходи од работењето на Банката на 30 јуни 2023 година изнесувале 166,6 милиони денари и бележат намалување од 68,6 отсто  во најголем дел како резултат на помалиот износ на наплатени претходно отпишани побарувања, како и поради извршена измена на евидентирањето на приходите од девизно работење, кои од 01.01.2023 година се евидентираат во позицијата курсни разлики. Планот е остварен со 51,3 отсто.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.06.2023 година изнесуваат 1.028,8 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3,9 отсто како резултат на зголемен износ на плати и други трошоци на вработените поради зголемување на вредноста на бодот во два наврати (кон крајот на 2022 година и во вториот квартал од 2023 година), како и зголемената амортизација. Планот е остварен со 98,4 отсто. 

Во периодот од 01.01-30.06.2023 година, Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 1,4 милиони денари, во согласност со регулативата од НБРСМ. 

„Во извештајниот период Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 266,8 милиони денари, наспроти 375,9 милиони денари во истиот период минатата година. Намалувањето кај исправката на вредност на финансиските средства е во согласност со намалувањето на цените на енергенсите во изминатиот период, што влијаеше за повторно нормализирање на работењето кај одредени компании, клиенти на Банката“, се вели во банкарскпото образложение. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕР ОД БОСНА ОТКРИ ЗА КОЛКАВА ПЛАТА РАБОТИ ВО ХРВАТСКА: Условите се многу подобри

КЕЛНЕР ОД БОСНА ОТКРИ ЗА КОЛКАВА ПЛАТА РАБОТИ ВО ХРВАТСКА: Условите се многу подобри

НА МНОГУ МАКЕДОНЦИ НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ ОВА: Рипаат цените на патарините во Србија, еве колку ќе чинат сега

НА МНОГУ МАКЕДОНЦИ НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ ОВА: Рипаат цените на патарините во Србија, еве колку ќе чинат сега

„ТРЕТ БРАН АПАНАЖИ, МАРИЧИЌ, ШАЌИРИ И БАЈРАМИ ЦЕЛА ГОДИНА ЌЕ ЗЕМААТ ОД 1.500 ДО 2.000 ЕВРА“: Левица вели дека ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра

„ТРЕТ БРАН АПАНАЖИ, МАРИЧИЌ, ШАЌИРИ И БАЈРАМИ ЦЕЛА ГОДИНА ЌЕ ЗЕМААТ ОД 1.500 ДО 2.000 ЕВРА“: Левица вели дека ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра

РЕСТОРАН ВО ЦРНА ГОРА МАКА МАЧИ ДА НАЈДЕ РАБОТНИК: Нуди врвна плата за оваа сезонска работа

РЕСТОРАН ВО ЦРНА ГОРА МАКА МАЧИ ДА НАЈДЕ РАБОТНИК: Нуди врвна плата за оваа сезонска работа

ЕВЕ КОИ ПОЛОВНИ ВОЗИЛА ГИ ПРЕПОРАЧУВААТ ГЕРМАНЦИТЕ: Овие пет модели се најсигурни, најевтиниот може да се најде за 1.300 евра

ЕВЕ КОИ ПОЛОВНИ ВОЗИЛА ГИ ПРЕПОРАЧУВААТ ГЕРМАНЦИТЕ: Овие пет модели се најсигурни, најевтиниот може да се најде за 1.300 евра

„КРВАВА РАБОТА, ГРАДЕЖНИШТВОТО МИ Е ПОЛЕСНО“: За берење малини и до 4.000 дневница, но работата е многу тешка

„КРВАВА РАБОТА, ГРАДЕЖНИШТВОТО МИ Е ПОЛЕСНО“: За берење малини и до 4.000 дневница, но работата е многу тешка

ГО ВИКАА ГАНДАЛФ: Најпознатиот Балканец на Волстрит доби отказ од ЈП Морган

ГО ВИКАА ГАНДАЛФ: Најпознатиот Балканец на Волстрит доби отказ од ЈП Морган

ВО ФИНАНСИИ И ВИКЕНДОВ ЌЕ РАБОТАТ НА РЕБАЛАНСОТ - ќе се бара од каде да се реалоцираат 200 до 300 милиони евра

ВО ФИНАНСИИ И ВИКЕНДОВ ЌЕ РАБОТАТ НА РЕБАЛАНСОТ - ќе се бара од каде да се реалоцираат 200 до 300 милиони евра

ВРТОГЛАВИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА ЈА ВИВНА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА НАД 800 МИЛИОНИ ЕВРА - акционерите тријат раце, тие сега се навистина богати

ВРТОГЛАВИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА ЈА ВИВНА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА НАД 800 МИЛИОНИ ЕВРА - акционерите тријат раце, тие сега се навистина богати