„ТРЕТ БРАН АПАНАЖИ, МАРИЧИЌ, ШАЌИРИ И БАЈРАМИ ЦЕЛА ГОДИНА ЌЕ ЗЕМААТ ОД 1.500 ДО 2.000 ЕВРА“: Левица вели дека ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра
Објавено во: Финансии, Македонија 06 Јули, 2024 13:10
Во јавноста излезе информација дека Собраниската комисија за избори и именувања ги има уважено барањата на министрите од претходната влада: Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами за апанажа. Тие во наредните 12 месеца ќе добиваат државна плата во висина од 1500 до 2000 евра, зависно од тоа на која функција биле, информираат од Левица.
„Ова е трет пат како Собранието оди спротивно на барањата и потребите на граѓаните и одобрува апанажа за функцинерите на претходната власт. Досега ваква привилегија беше одобрена за 40 ексфункцинери, од кои 36 се поранешни пратеници, со што овие системски паразити ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра народни пари.
Апанажата, како механизам достапен единствено на една општествена група, претставува пар екселанс пример за класна дискриминација во нашето општество, односно системот функционира единствено за одржување на општественото статус-кво и за да ги задоволи потребите на економските и политичките елити кои често се испреплетени.
Ја потсетуваме јавноста дека единствено Левица, согласно своите програмски и идеолошки определби, преку својот член во Комисијата, пратеникот Борислав Крмов, застана во одбрана на обесправените граѓани на Македонија и гласаше ПРОТИВ ваквите срамни барања на ексфункционерите, кои продолжуваат да го цицаат буџетот на секој можен начин, додека обичните граѓани, врз чиј грб се богатат, живеат во сиромаштија “ велат од партијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





