15 Декември, 2025
0.0332

За што „Макпетрол“ плати 19 милиони денари за 60 дена?

Објавено во: Економија 25 Април, 2018 07:35

Добивај вести на Viber

За 659 обични сопствени акции „Макпетрол“ одвои повеќе од 19 милиони денари за шесеетина дена (според просечната пазарна цена за овој период). Ова се стерилизирани пари можеле да завршат и како дивиденда за акционерите или како средства за нови инвестиции

Најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати „Макпетрол“ во период пократок од 3 месеци купи 659 сопствени акции и за тоа плати повеќе од 19 милиони денари (ако за просечна пазарна цена во овој период се земе цената од 29.000 денари за една акција). Доколку раководството и мнозинските акционери на „Макпетрол“ одлучија овие пари да ги поделат во дивиденда тоа ќе значеше по 170 денари принос плус за секоја акција.

Законско право е „Макпетрол“ е сопствен откуп на акции. Со последната трансакција во која деновиве купи 205 акции „Макпетрол“ поседува вкупно 4.241 акција што претставува 3,77 отсто од главницата. „Макпетрол“ согласно со позитивните законски прописи може да докупи до 10 отсто од својата главница односно вкупно до 11.238 акции. По актуелната пазарна цена на таа акција тоа значи дека „Макпетрол“ ако има пари може да вложи уште 4 милиони евра во сопствени акции. Во тој случај сигурно дека тие пари ќе ги стерилизира на подолг рок. 

Во оваа констелација на односите најголема корист од сопствениот откуп на акции во „Макпетрол“ има најголемиот акционер ОИЛКО и индиректно водството на „Макпетрол“ кои воедно се и акционери во транспортната компанија ОИЛКО.

Како лани работеше „Макпетрол“?

Компанијата ги зголемила приходите од продажба, но расходите пораснале 70 милиони денари повеќе од приходите за колку и е помала добивката во однос на 2016 година. Лани „Макпетрол“ вратил на добавувачи 1 милијарда денари и се задолжил за 1,2 милијарди денари. За камати платил 77,2 милиони денари што е 24 отсто помалку од 2016 година

„Макпетрол“ лани ги зголеми приходите од продажба за 2,3 милијарди денари, но профитот паднал за 20 отсто во споредба со 2016 година, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи на најголемата компанија за малопродажба на нафтени деривати во земјава.

„Макпетрол“ лани стигна до 18,614 милијарди денари (околу 300 милиони евра) приходи од продажба и со тоа забележа подобрување на своите резултати за 14 отсто во споредба со 2016 година. Најголем раст на приходите оствари на домашниот пазар затоа што пораснала малопродажбата на енергенси како што пишува во соопштението на „Макпетрол“. Истовремено со растот на приходите од продажба оперативните расходи пораснале за 2,370 милијарди денари што значи за 70 милиони денари повеќе од растот на приходите. Тие на крај на 2017 година достигнале 18,4 милијарди денари. Најголем раст има кај најголемата расходна ставка – набавна вредност на трговски стоки каде има зголемување за 2,25 милијарди денари до износ од 16,385 милијарди денари односно за 16 отсто.  Раст од 11 отсто има и кај ставката за услуги за материјални трошоци и тие на крај на 2017 година достигнале 511 милиони денари. Раст од 3 отсто има и кај трошоците за вработени кои на крај на 2017 година изнесувале 891 милиони денари. При тоа оперативната добивка на компанијата изнесува 323,78 милиони денари и е пониска за 108 милиони денари од износот во 2016 година. Од горенаведените податоци излегува дека растот на приходите од продажба речиси е идентичен со растот на расходот за набавка на трговските стоки што „Макпетрол“ ги продава на своите повеќе од 130 продажни места ширум земјава.

Финансиските расходи смалени за 24 отсто

Охрабрувачки за акционерите на „Макпетрол“ е тоа што компанијата значајно ги намалила своите финансиски расходи. Лани на крај на годината тие изнесувале 77,17 милиони денари и се пониски за 25 милиони денари што е солидно намалување во споредба со 2016 година. Вкупната сеопфатна добивка на „Макпетрол“ лани е 301,1 милиони денари и тоа е за 20 отсто помалку од 2016 година односно за 75,7 милиони денари.

Значајно да се истакне е тоа што обврските на „Макпетрол“ лани пораснале за 243,6 милиони денари и на крај на 2017 година изнесуваат 3,923.7 милијарди денари. Во овој период „Макпетрол“ значајно ги намалил своите обврски спрема своите добавувачи и тоа за 1 милијарда денари. Тие на крајот на 2017 година се 824,8 милиони денари. Но притоа обврските на „Макпетрол“ по основ краторочни кредити лани пораснале за 1,19 милијарди денари.

Во 2017 година „Макпетрол“ минимално ги намалил своите побарувања од купувачи и тие на крај на декември лани изнесувале 439,7 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година