ЗА СИТЕ ШТО ЌЕ САКААТ ДА ЛЕТААТ СО АВИОН - вакцината против ковид ќе биде задолжителна?
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2020
Извршниот директор на авиокомпанијата „Qantas“ Алан Џојс, изјавил дека луѓето кои ќе сакаат да летаат со нив, ќе мора да докажат дека примиле вакцина против коронавирусот. Ова тие ќе мора да го направат пред да влезат во авион.
Шефот на овој австралиски авиопревозник исто така смета дека доказот за вакцинација ќе биде општо барање на многу авиокомпании, кога после пандемијата се ќе почне да се враќа во нормала, пренесе.
Џојс претходно изјавил дека авионите нема да продолжат да летаат како порано се додека не биде достапна сигурна вакцина за персоналот и патниците, но и нагласил дека вакцинацијата ќе стане задолжителна за сите кои сакаат да патуваат со авион.
Иако некои луѓе што се противат на вакцинирањето можеби ќе претпоставуваат дека ќе можат да летаат со други авиокомпании, Џојс верува дека ова правило ќе го применуваат сите, не само „Qantas“ .
„По разговорот со бројни колеги, мислам дека тоа ќе биде вообичаена работа во другите авиокомпании ширум светот“, додава тој.
Доколку вакцините бидат успешни, Џојс изјавил дека очекува меѓународните патувања да се вратат приближно до нормално до крајот на 2021 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.